Иван Поп Јорданов, роден Иван Петров Поп Јорданов (Велес, 1879 — Софија, Бугарија) — македонски револуционер, активист и општественик. Деец и претседател на Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“, тој е братучед на познатиот македонски револуционер Миле Поп Јорданов. Еден од потписниците на Апелот до Македонците во Бугарија во 1944 година.
Животопис Роден е во градот Велес Таму учествува во револуционерниот живот на градот заедно со дејци од Гемиџиите како Тодор Органџиев, Илија Трчков, со неговите браќа Илија, Гичо, Орце и Миле Поп Јорданов, Алекси Минов - Каникот, Тодор Богданов и други. После Солунските атентати тој е осуден за три години во затвор.Църнушанов, Коста. Солунските атентатори, София, 1987, стр. 257, 373 – 374
За време на Младотурската револуција, на септември 1908 година во Солун учествува во основачкиот конгрес на Сојуз на бугарските уставни клубови како делегат од Велес, заедно со Бано Кушев.Карайовов, Тома. Как се създадоха българските конституционни клубове в Турция, в: Борбите в Македония и Одринско. София, Български писател, 1981. с. 726 – 728.
Во декември 1912 година Поп Јорданов учествува во средба на македонски дејци во Велес, организирана од страна на Димитрија Чуповски, на кој присуствувале Крум Зографов, Ризо Ризов, Александар Мартулков, Петар Поп Арсов, Ангел Корабаров, учителите Иван Елезов, Димитър Ничев и Методи Поп Гошев. Во средбата тие решиле да пратат претставник во Лондонската конференција, за да се бори за формирање на независна македонска држава.Ристовский, Блаже. Димитрий Чуповский и македонское национальное сознание, ОАО Издательство „Радуга“, Москва, 1999, с. 76.
За време на Втората балканска војна тој е назначен за чиновник на народната општина во Велес.Освободителното движение в Македония и Одринско. Том 2, София, Наука и изкуство, 1983, стр.186
После војната се преселува во Бугарија, каде се приклучува како активисти во Велешкото братство на Сојузот на македонските емигрантски организации. Го наследил Алексо Мартулков како претседател на организацијата. Во 1926 година Илија Раштанов бил назначен за новиот претседател на организацијата. Во 1938 повторно станува претседател.ЦДА, ф.1960к, оп.1, а.е.32, л.2 Во 1941 година нивната организација повторно била обновена и злоупотребена од бугарските фашисти со цел да ширеле бугарска пропаганда, Јорданов соработувал со Бугарскиот централен акционен комитет за време на Втората светска војна.Минчев, Димитър. Българските акционни комитети в Македония – 1941 г., Македонски Научен Институт – София, 1995, стр.68, 71
За време на војната тој почнал постепено да ги подржува македонските партизани, во 1944 година го потпишал Апелот до Македонците во Бугарија каде што се бори за правата на малтретираните Македонци во Бугарија.
Ќерка му Савка Иванова Поп Јорданова (р. 1921) вклучува брак со познатиот деец на Комунистичката партија на Бугарија Георги Чанков во 1945 година.Чанков, Георги. Равносметката. София, Христо Ботев, 2000. ISBN 954-445-696-1. стр. 616.
Не е познато кога загинал, најверојатно после Втората светска војна во градот Софија, престолнината на новата комунистичка администрација.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Политичари од Велес Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски општественици Категорија:Членови на Сојузот на бугарските конституциони клубови Категорија:Претседатели на Велешкото благотворително братство Категорија:Родени во 1879 година