Снежана () — американски музички фантастичен филм во режија на Марк Веб и сценарио на Ерин Кресида Вилсон. Филмот е преработка на анимираниот филм „Снежана и седумте џуџиња“, заснован на истоимената бајка на браќата Грим. Во филмот играат Рејчел Зеглер како Снежана и Гал Гадот како Злобната Кралица.

Плановите за преработка на „Снежана и седумте џуџиња“ биле потврдени во октомври 2016 г., а Вилсон бил најавен како сценарист. Веб влегол во преговори за режија на филмот во мај 2019 г. и се приклучил на филмот како режисер во септември 2019 г. Снимањето првенствено се одвивало во Pinewood Studios во Англија од март до јули 2022 г., а дополнителното снимање се одвивало во јуни 2024 г. Филмот предизвикал спорови, со критики насочени кон промената на расата, промената на заплетот, јавната критика на Зеглер кон изворниот филм и нетрадиционалната ориентација на седумте џуџиња.

Премиерата на филмот во САД била на 21 март 2025 г., а во Македонија премиерата првенствено требала на биде на 20 март, но поради седумдневната жалост по повод пожарот во Кочани, се префрлила на 27 март истата година.

Содржина Принцеза ги здружува силите со седум џуџиња за да го ослободи своето кралство од нејзината сурова маќеа, Злобната Кралица.

Улоги

|Рејчел Зеглер |Снежана |- |Гал Гадот |Злобната Кралица |- |Ендру Бернап |Џонатан |- |Ансу Кабија |Ловецот |- |Дуџона Гифт |Мејпл |- |Мартин Клеба |Лутко |- |Џејсон Кравиц |Кивавко |- |Ендру Барт Фелдман |Глупавко |- |Џорџ Салазар |Среќко |- |Титус Берџес |Срамежливко |- |Џереми Свифт |Паметко |- |Енди Гротелушен |Спанко |- |Колин Мајкл Кармајкл |Фарно |- |Патрик Пејџ |Волшебното Огледало

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Disney Категорија:Американски музички филмови Категорија:Американски фантастични филмови