„Хенри V“ (англиски: Henry V) – филм на режисерот Лоренс Оливие (Laurence Olivier) од 1944 година, снимен по сценариото на Лоренс Оливие, Далас Боуер (Dallas Bower) и Алан Дент (Alan Dent). Филмот е заснован врз драмата на Шекспир „Животот на Хенри Петти“ (The Life of Henry the Fifth) од 1599 година. Инаку, намерата на Оливие била да го зајакне моралот на британското население при што филмот бил делумно финансиран од британската влада. Во 1947 година, Оливие бил награден со почесен „Оскар“ при што филмот бил номиниран во четири категории за оваа награда. Исто така, во 1946 година, на Венецијанскиот филмски фестивал ја освоил наградата на критичарите. Главните улоги ги играат: Лоренс Оливие, Роберт Њутон (Robert Newton), Лесли Бенкс (Leslie Banks), Реен Ашерсон (Renee Asherson), Феликс Ајлмер (Felix Aylmer), Грифит Џонс (Griffith Jones) и Морланд Греам (Morland Graham).Henrik V, britanski film (1944) (пристапено на 25.3.2025)
Синопсис Хенри Петти (го игра Оливие) стапува на престолот на возраст од 26 години. Тој е неискусен и набрзо запаѓа во дворските сплетки и во проблемите предизвикани од Стогодишната војна...
Наводи
Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1944 година Категорија:Филмови засновани на драми Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Историски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Англија Категорија:Филмови на Лоренс Оливие Категорија:Филмови со Лоренс Оливие Категорија:Филмови со Роберт Њутон Категорија:Филмови со Рене Ашерсон Категорија:Филмови со Грифит Џонс Категорија:Филмови со Феликс Ајлмер Категорија:Филмови со Морланд Греам Категорија:Филмови со Лесли Бенкс