Донка Миланова Димова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Нејзината активност се одвивала во селото од почетокот на окупацијата. Куќата била ставена на располагање на Партијата и од есента 1941 година била претворена во магацин за прехранбени артикли на Велешкиот партизански одред. Кај нив престојувале илегалци, а нејзиниот сопрут бил во групата на шеснаесетте стрелани богомилчани. Таа работела од тогаш уште поактивно, иако била мајка на шест мали деца. Со настаната ситуација во есента и зимата 1942-1943 година, кога одредот го напушта велешкиот терен, таа посебно се ангажирала во агитацијата за победата на НОБ и подигнувањето на моралот кај селаните. Со доаѓањето на Првата македонско-косовска ударна бригада во февруари 1944 година собирала храна и облека за борците. Во септември 1944 година била избрана за член на НОО и била делегат на I конгрес на АФЖ во Белград.
Поврзано
Љубица Димова
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ