Шербет од брусница () — турска телевизиска серија од 2022 година. Серијата во Македонија се емитува на Сител Телевизија во 2025 година.
Сихронизација вршеле нашите познати глумци: Соња Стамболџиоска, Филип Трајковиќ, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Катерина Коцевска, Рубенс Муратовски, Роберт Вељановски, Ванеса Тримчевска, Јана Вељановска и Даријан Петров.
Содржина Безвременска приказна која стана класика и за брзо ги собори сите рекорди на гледаност, оставајќи ја далеку зад себе конкуренцијата во сите возрасни групи. Популарноста на оваа импресивна драма ги надмина и границите на малите екрани, станувајќи глобален феномен на социјалните мрежи и привлекувајќи огромен број на фанови кои со нетрпение ја очекуваат секоја следна епизода.
Моќна приказна за една забранета љубов која ќе треба да ги надмине сите животни искушенија и да се избори за својот триумф. Уште во почетокот се запознаваме со Дога, млада студентка која пораснала во нормална и урбана фамилија, но чиј живот се менува кога девојката решава да се омажи за Фатих, човекот во кој е вљубена и од кој останува бремена.
Фатих, од друга страна, потекнува од богато традиционално семејство, но неверојатно приврзан за конзервативните вредности и семејните врски. Работите добиваат сосема друга насока кога семејствата на двајцата млади се запознаваат.
Мајката на Дога е шокирана од религиозната фамилија на зетот и чудните правила кои владеат под тој кров, а пак семејството на Фатих е изненадено од, за нив, неприфатливото и либерално однесување на семејството на невестата. Љубовта на двајцата млади ќе предизвика судир меѓу овие две семејства за кои е невозможно да живеат заедно. Судир кој ќе ги соочи модерното со традиционалното, слободата со ограниченоста, разумот со чувствата. Но, мостовите на животот ќе ги спојат овие различни светови и ќе донесат бура од интензивни сплетки и емоции во најгледаната драмска серија на денешницата.
Улоги ГлумциУлога Бариш Килич Омер Унал Еврим Аласја Кивилџим Арслан Сила Туркоглу Дога Арслан Догукан Гунгор Фатих Унал Сибел Ташчиоглу Пембе Унал Сетар Танриоген Абдулах Унал Ахмет Мумтаз Тајлан Мујде Узман Алев Арслан Алије Узунатаган Сонмез Церен Јалазоглу Нурсема Серкан Тинмаз Умут Ахмет Мумтаз Тајлан Абдулах Унал Еџе Иртем Ишил
Надворешни врски
Категорија:Турски телевизиски серии