Даринка Дара Драгишиќ ( во , Босна и Херцеговина — во , Љума, Албанија) — учесник во НОВ на Македонија и народен херој на Југославија.
Животопис Учествувала во заднината на НОД во Пеќ, на Косово, од 1941 година. Во 1943 година била примена за член на КПЈ. Во јуни 1943 година била борец во Шарпланинскиот партизански одред, а на 11 октомври 1943 година станала борец на Првата македонско-косовска ударна бригада. Во Бригадата била избрана за делегат на десетина. Учествувала во сите борби на Бригадата и била ударник. Во борбите на Бригадата против Германците на 22 јуни 1944 година на Караорман била ранета во десната рака. Во септември 1944 година на местото наречено Каљај Дода во Албанија, каде група борци биле опколени од балистите, загинала борејќи се до последниот куршум во пиштолот стрелајќи со левата рака .
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Народни херои на Југославија