Загорка Алексова Цветковиќ Дуковска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од 1942 година била член на воспитна скоевска група и имала задача да пренесува храна, вести, разни соопштенија и друго, на политичките затвореници во скопскиот затвор. Била ангажирана во пренесувањето на лекарства до определени пунктови. Во март 1943 година станала член на СКОЈ. Формирала скоевска воспитна група со која активно работела. Во ноември 1943 година за време на големата провала во скопската партиска организација, останала без врска и работела на организирање симпатизери за НОД, растурање пропаганден материјал, собирање народна помош. На 30 април 1944 година е интернирана во Бугарија. По нејзиното враќање во септември 1944 година, стапила во единиците на НОВ и ПОМ. Меѓутоа, по барање на секретарот на Околискиот комитет на СКОЈ - Скопје, била демобилизирана и доделена на работа во Комитетот.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ