Марта Дуцевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од 1941 година учествувала во заднината на НОД, а пролетта 1942 година била примена за член на КПЈ. Покажувајќи извонредно ангажирање во заднината и снаодливост во извршувањето на поставените задачи, во септември 1942 година била избрана за член на Месниот Комитет на КПЈ - Гостивар, а наскоро и за негов секретар. Како секретар на Месниот Комитет ги одржувала врските со партиските организации во Гостиварските села со Петиот Областен Комитет на КПМ и Тетово. Била секретар на партиска ќелија. Oд октомври 1942 година, кога Марта Дуцевска била избрана за секретар на МК КПЈ - Гостивар, таа била одговорна и за работата на партиската техника. Од мај до септември 1943 година техниката располагала со радио-апарат, сместен во домот на Кипровци. Воспитни групи Во 1942 година биле формирани три воспитни групи во Гостивар:
I. Српско Маало - Поповска Славка секретар на групата, а членови: Митревска Јелица и Стефановска Загорка; II. Македонско Маало - Дуцевска Марта секретар на групата, а членови: Китановска Павлина, Матевска Марија, Петровска Олгица; III. Ново Маало - Кипроска Магда секретар на групата, а членови: Иљоска Темјанка и Јаковлевска Санда;
Нејзината активност била откриена од италијанската полиција, затоа во текот на 1943 во бранот на апсења што го зафатил Гостивар, уапсени биле, Марта Дуцевска и членот на МК, Арсена Деспостовска. Непризнавајќи ништо, по 5 до 10 дена затвор, тие биле ослободени. Меѓутоа, наскоро доаѓа до нивно повторно затворање. И овој пат, мачните и понижувачки сослушувања не го скршиле нивниот револуционерен морал, па како и во првиот случај, во недостиг на докази, тие биле ослобдоени. Имајќи во својата мајка за сигурен соработник, нејзиниот дом прераснал во сигурно илегално засолниште во текот на НОВ.
АФЖ во Гостивар Првиот одбор на АФЖ во Гостивар постојано се ширел, така што од него изглегле уште две групи. Со првата продолжила да раководи Магда Кипроска, a втората ja раководела Марија Матевска. Бројот на жените што пристапувале кон сѐ уште илегалната opraнизација на АФЖ постојано се зголемувал, па во Дебар Маало се формирала ѝ третата група со која раководеле Арсена Деспотовска и Марта Дуцевска. Четвртата група на АФЖ во Гостивар се формира во Македонското Маало и таа била раководена од Павлина Китановска. Меѓу првите членки на АФЖ биле и: Славка Бундалевска, Санда Јаковлевска, Даница Кипровска, Верица Китановска, Рафа Китановска, Аница Михајловска и др.
Поврзано Ѕвезда Дуцевска Катерина Дуцевска Роса Дуцевска Ѓорѓи Дуцевски
Наводи
Литература Жената од Гостивар и гостиварско како политички фактор во НОД во Македонија (1941-1945) Учество на жената од Гостивар и гостиварско во НОВ на Македонија (1941-1945)
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ