Амброу () — англиски производител на спортска опрема основана во 1924 година во Вилмслоу. Неговото седиште се наоѓа во Манчестер, Англија.Umbro at Iconix Brand website. . Retrieved 11 февруари 2013
Умбро ги снабдува со опрема фудбалските тимови како што се Велс, Норвешка, Канада, Република Ирска и клубови како Гамба Осака.
Умбро бил или е спонзор на големи играчи како Мајкл Овен, Џон Тери или Енди Керол, па дури и официјални натпревари како што е Купот на француската фудбалска лига со нејзината топка наречена „продиџи“.
Историја Браќата Валас и Харолд Хемфрис го започнале својот бизнис во 1922 година во селото Моберли во близина на Вилмслоу, во Булс хед, семеен паб во сопственост на нивните родители. Валас и Харолд избрале привремено име „Облека на браќата Хемфрис“. Тие првично работеле во задната соба на пабот, а две години подоцна се преселили во работилница во Вилмслоу, град јужно од Манчестер.
Во 1924 година, за официјалното создавање на компанијата, двајцата браќа го избрале името Umbro, стопеница од зборовите Браќа Хемфрис: Um од Humphreys, Bro од Brothers.
Во 1930 година, Валас и Харолд во Вилмслоуосновале нова фабрика наречена Umbro Works on Water Lane. Оваа фабрика им служела како нивна административна и индустриска база.
Неколку години подоцна, во раните 1960-ти, седиштето од Вилмслоу го преселиле во Вајтеншоу, дистрикт во градот Манчестер.
Во 1999 година, седиштето и канцелариите на Умбро биле преселени во Чидл, град во предградието на Манчестер.
На 23 октомври 2007 година Умбро бил купен од Најк за 409 милиони евра со цел да го прошири своето влијание во Европа и во фудбалот.
Во октомври 2012, Најк ѝ го продал Амброу на американската група Ајконикс бренд груп (Iconix Brand Group) за сума од околу 230 милиони долари. Nike.inc announces sale of Umbro to Iconix Brand Group, news.nike.com, 24 octobre 2012Англискиот бренд е многу популарен, особено во првенството во Премиер лигата.
Во јуни 2013, една година по продажбата на Ајконикс, седиштето на брендот било преселено од Чидл во средиштето наМанчестер.
Лого Логото на овој бренд се состои од два ромба кои ги претставуваат двајцата браќа Хемфри кои го основале брендот: големиот ромб го претставува Валас, постариот, а малиот го претставува Харолд, помладиот.
Официјален добавувач на опрема
Фудбал
Репрезентации
Африка ДР Конго Есватини Мадагаскар Сиера Леоне
Средна Америка Ел Салвадор Гватемала
Клубови Европа Борнмут Вимблдон Вест хем јунајтед Ипсвич Таун (до сезоната 2024-25) Бостон јунајтед Брентфорд (до сезоната 2024-25) Карлајл јунајтед Кембриџ јунајтед Форест грин роверс Grimsby Town (From start of 2024-25 season) Хадерсфилд Таун Лутон Таун Хартс Ренџерс (од сезоната 2025-26) Авр (од сезоната 2025-26) ФК Мјондален ФК Алесундс Рајо Ваљекано Елфсборг Слиго роверс
Рагби Репрезентации Англија Фиџи Кенија
Поврзано Производител на спортска опрема Спортски производи Спортски обувки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Производители на спортска опрема од Обединетото Кралство Категорија:Претпријатија основани во 1920-тите Категорија:Британски брендови