Црнолево или Црналево () ― село во областа Гора, во Општина Кукуш на истоимената област, Албанија. Населението брои 620 жители (1989)All places/communes: 1989, 2001, 2011, 2023 censuses (today's division) pop-stat.mashke.org, сочинето од Горанци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Гора, во северните падини на планината Габрика, над левата страна на Рестеличка Река, на надморска височина од 940 м.
Историја Во 1900 година, Васил К’нчов го забележал Црнелево како македонско-муслиманско село во областа Гора со 50 куќи.Кънчев, В. Го̀ра. С една карта, Трудове на Българското природоизпитателно дружество, София, 1900, с. 101.
По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија. Според Стефан Младенов во 1916 г. Црнолево (Църнолѐво) било македонско село со 55 куќи.Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.
Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Црничево било село со 60 куќи на Македонци муслимани.Поверителен рапорт №54 на Сребрен Поппетров
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Шиштавец.
Поврзано Гора Кукуш (округ)
Наводи
Категорија:Кукуш (општина во Албанија) Категорија:Села во Албанија Категорија:Гора