Черава () — река во Поградечко, Албанија и Македонија. Завршува како јужен дотек на Охридското Езеро.

Потекло и значење на името Името на реката е изведено од *Чернава, при што преминувањето rn > rr е карактеристично за тоскиското наречје. Првобитно, ова било име на самата река, за што сведочи наставката -ава, освен ако таа не е фонетски изменета од некогашното -ово во турскиот или албанскиот изговор, додека во самиот корен на зборот стои словенската придавка черн („црн“).

Името на Черава, преземено од месното албанско население, во с. Љубаништа гласи Чараба.

Течение Реката извира од планината Мокра, северно од врвот Гури Камес (1.461 м) под името Пусево. Тече во источен правец до селото Черава, каде свртува на североисток. Кај селото Пискупија повторно свртува и тече во претежно северозападен правец, каде ја поминува македонско-албанската граница, а се влева во Охридското Езеро, помеѓу с. Љубаништа и манастирот „Св. Наум“.

Притоки → лева притока, ← десна притока ← Богела ← Сололи

Поврзано

Черава — истоимено село сместено на левиот брег на реката

Наводи

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Реки во Албанија Категорија:Дримски слив