Станица Сержи-Сен-Кристоф () — железничка станица во градот Сержи, Франција. Станицата била отворена на 29 септември 1985 година заедно со станицата Сержи-Префектура. До 1994 година била крајна станица за линијата А3 на РЕМ, но сега е претпоследна станица.

Зградата на станицата е голема стаклена структура поставена над линијата на ниво на улица и се состои од метален и стаклен цилиндар и најголемиот часовник во Европа. Архитекти биле Мартин и Филип Деланд, а механизмите на близначкиот часовник биле обезбедени од Ишез.

Зградите наскоро ја следеа станицата и областа сега е вториот трговски центар на Сержи. Од предниот дел на станицата, пешачка улица води до плоштадот Акс Мажер (Axe Majeur) од каде се пружа поглед на Вале де л'Оаз (Vallee de l'Oise и на Париз). Оската е усогласена со париското Марсово Поле.

Наводи

Надворешни врски Cergy-Saint-Christophe station at Transilien, the official website of SNCF (in French) RATP.fr

Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Саат-кули во Франција Категорија:Железнички станици во Франција Категорија:Појавено во 1988 година