Приватен универзитет Антон Брукнер (, вообичаена скратен облик е Bruckner University) — еден од петте австриски универзитети за музика, драма и танц и еден од четирите универзитети во Линц, европска престолнина на културата во 2009 година. Во него студираат околу 850 студенти од сите делови на светот. Предаваат 200 професори и наставен кадар, кои се меѓународно признати уметници, академици и наставници. Повеќе од 30% од студентите и инструкторите доаѓаат од други земји. Универзитетот добил статус на акредитиран приватен универзитет во 2004 година, како дел од Конференцијата на австриските приватни универзитети,Anton Bruckner Private University

Универзитетот е именуван по австрискиот композитор Антон Брукнер (1824–1896).Anton Bruckner Private University

Историја Иако приватниот универзитет „Антон Брукнер“ свооето име го носи релативно кратко време, музичкото образование во Линц имало традиција повеќе од 200 години. Во 1799 година музичкиот директор на оваа институција Франц Ксавер Глегл, близок пријател на Михаел Хајдн, Волфганг Амадеус Моцарт и Лудвиг ван Бетовен го основал првото музичко училиште во Линц. Потоа во 1823 година, новооснованото музичко друштво во Линц, основало училиште за пеење - вистинскиот претходник на приватниот универзитет Антон Брукнер. Обидот да се убеди композиторот Антон Брукнер да стане директор на Музичкото училиште во 1863 година бил неуспешен. Но, уште едно важно име – биографот на Брукнер и поранешен секретар на Франц Лист, Август Гелерих, бил задолжен за институтот од 1896 до 1923 година. И во 1923 година името на Брукнер конечно било воспоставено со надградба на Музичкото училиште во Конзерваториумот Брукнер во Линц – сега преименуван во „Приватен универзитет Антон Брукнер.

Компјутерскo музичко студио Најнова студиска гранка на овој универзитет е одделот за Компјутерско музичко студио во кое се вршат предавања и курсеви од областа на музиката и медиумската технологија, медиумската композиција и компјутерската музика и опсегот на предмети што ги нуди е тесно интегриран со оние на Институт ДКМ – Композиција, диригирање и теорија на музиката и Институтот за џез и импровизирана музика.

Компјутерското музичко студио е основано во 1995 година од Аделхард Ројдингер и ректорот на Конзерваториумот Брукнер, Ханс Марија Кнајхс во зградите кои се подигнати во комплексот на Софтверскиот парк Хагенберг. Од 2008 година Универзитетското студио е под раководство на Вајкслер Андреас,.унив.проф. маг. Во исто време, директивата на институтот го сменила името на студиото во CMS - Компјутерско музичко студио.

Во моментов има соработка и врски со следните институции :' Институт за композиција, диригирање и теорија на музиката (ДКМ) Институт за џез и импровизирана музика (JIM) Институт за театар и драма (ACT) Институт за клавијатури инструменти (ТАС)

'Регионално:' АЕК - Арс Електронски центар Уметнички универзитет во Линц Култура на интерфејс JKU - Универзитетот Јоханес Кеплер болница Елизабет Инен SCCH софтверски парк Хагенберг (Младинска музика), провинција Уппер Аустриа ДорфТВ Клавиерхаус Мерта

'Национално:' ЕЛАК - Институт за композиција и електроакустика, Виена МДВ - Универзитет за музика и драма, Виена Прима ла Музика, Салцбург Безендорфер

'Меѓународно:' JSEM - Јапонско друштво за електроакустична музика ТУ Студио - Берлин SARC - Истражувачки центар за Соник Артс Белфаст, Универзитетот Квинс, Северна Ирска УЕА - Универзитет во Источна Англија ЅВЕР - Бирмингемски електроакустичен звучен театар, Универзитетот во Бирмингем НОВАРС - Манчестер Универзитетот Хоуп во Ливерпул, Велика Британија Североисточен универзитет, колеџ за уметности, медиуми и дизајн, Бостон, САД

Соник лаб Соник лаб е интермедијална концертна сала за компјутерска музика со сараунд миксета со 24 аудио канали и двојна видео проекција, иницирана од Андреас Вајкслер.

Еразмус Во текот на воспоставувањето на програмата на новата генерација Еразмус+, ABPU беше награден со таканаречената Еразмус повелба во 2014 година.Anton Bruckner Private University

Наводи

Приватен универзитет Категорија:Приватен универзитет Антон Брукнер Категорија:Згради и градби во Линц Категорија:Музички училишта во Австрија Категорија:Установи во 1823 година во Австриската империја Категорија:Приватни универзитети и колеџи во Австрија Категорија:Образовни институции основани во 1823 година