Наталија Владимировна Баранскаја (; 31 јануари 1908 година -; 29 октомври 2004) била Советски писател на раскази и романи. Баранскаја се здобила со меѓународно признание за реалистичниот приказ на секојдневниот живот на жените во Советски Сојуз[https://www.livelib.ru/author/105584-natalya-baranskaya/нНаталья Баранская Подробнее на livelib.ru: https://www.livelib.ru/author/105584-natalya-baranskaya].
Животопис Баранскаја била родена во 1908 година во Санкт Петербург, Русија. Дипломирала во 1929 година на Државен универзитет во Москва со дипломи по филологија и етнологија. Бо 1943 година, нејзиниот сопруг загинал во Втората светска војна. Имала две деца и никогаш повеќе не се омажила.
Работела во Литературниот музеј и Музејот Пушкин во Москва. Таа почнала да пишува откако се повлекла од музејот во 1966 година, а нејзината прва творба била објавена во 1968 година во руското книжевно списание Нови Мир.
Објавени дела Најпознатото дело на Баранскаја е „Недела како и секоја друга“, роман првпат објавена во Нови Мир во 1969 година. Со ова дела таа станува меѓународно призната.
Романот „Недела како и секоја друга“ е напишана во прво лице во кој се зборува за една недела од животот на Олга Воронкова. Протагонистот е 26-годишен научник за истражување и мажена мајка на две деца, која се наоша помеѓу кариера со полно работно време и навидум бескрајна листа на обврски дома.
Олга е во постојана брзање и често е лишена од сон. Нејзините денови започнуваат пред 6 часот наутро, завршуваат по полноќ. Таа е принудена да размислува за нејзиниот секојдневен живот кога ќе се соочи со задолжителен „Прашалник за жени“ на работа - истражување кое бара од Олга (и сите нејзини колешки) да го пресметаат времето поминато на домашна работа, грижа за децата и слободно време во една недела. За категоријата слободно време, Олга се пошегува дека единственото хоби и е спортот трчање: трчање ваму-таму, до продавница и да го фати автобусот, секогаш со тешка торба за намирници во секоја рака. „Прашалникот за жени“ бара и од Олга да пресмета колку работни денови пропуштила во една година, а таа се чувствува самосвесна и виновна кога ќе сфати дека изгубила 78 работни дена поради тоа што или синот или нејзината ќерка биле болни. Романот претставува детален и реален поглед на секојдневните реалности на советските жени во 1960-тите.Наталья Владимировна Баранская. Баранскаја објави над триесет раскази и новели, од кои најмногу се со мотиви од живототи и проблемите на советските жени.Покрај објавувањето раскази во литературни списанија, таа објави и неколку збирки. Нејзините збирки ги вклучуваа „Негативна Жизел (Отрицательная Жизель,“ 1977), „Бојата на темниот мед“ („Цвет темного меду“, 1977) и „Жената со чадор“ („Женщина с зонтиком“, 1981 година).
Во 1989 година, во Соединетите Држави беше објавена збирка од седум нејзини дела под наслов ''Недела како и секоја друга: Новели и раскази', преведена на англиски од Пиета Монкс.
Библиографија Недела како и секоја друга, 1969 година Баранскаја Н. Приказната за еден портрет: [за А.С. Пушкин] / Наталија Баранскаја // Книжевноста и ти. Vol. 6.- М.: Млада гарда, 1977.- стр. 100 - 111: лошо. Негативна Жизел, 1977 година Темна медена боја. Фустан за г-ѓа Пушкина, 1977 година Жена со чадор, 1981 година Портрет даден на пријател. Есеи и приказни за Пушкин, 1982 година Спомен ден, 1989 година Талкање на бездомниците. Биографија. (Семејна архива. Стари албуми. Писма од различни години. Документи. Спомени на моите родители, нивните пријатели. Мои сопствени спомени). - М., 1999 годинаНаталья Владимировна Баранская.
Наводи
Категорија:Советски романсиери Категорија:Советски раскажувачи Категорија:Руски раскажувачи од 20 век Категорија:Русски жени раскажувачи Категорија:Руски романсиерки Категорија:Руски писателки од 20 век Категорија:Советски романсиерки Категорија:Руски писателки