мини|Кралот Џон, племенски водач на американските Роми (ром баро), на гробиштата за време на погребот на својата сопруга кралицата Елеонора Во ромските заедници во Северна Америка и некои делови од Европа ром баро (буквално преведен: голем човек) е племенски водач. Тој својата положба ја стекнува преку заслуги, а неговите одлуки - иако се сметаат за мудри - немаат автоматско одобрување од заедницата. Други фактори при изборот на ром баро вклучуваат познавање на јазикот на областа на планираното патување и снаодливост во вонредни ситуации.
Етимологија Терминот баро е од индиско потекло и не се однесува само на „голем“, туку и моќен и важен. Некои канадски и американски ромски групи го замениле овој термин со изразот хато, кратенка од О Баро Шато.
Племенски водачи Ром баро ги бираат нивните заедници; главни критериуми за избор се нивната интелигенција и чувство за правичност. Водачите се вообичаено во постар животен период, бидејќи колку Ром е постар, се смета дека има подобро знаење за ромските права и традиции. Тие дејствуваат како советници за кралот на своето племе или група и обично се прилично богати. Ром баро се бира доживотно и положбата не се наследува. Ром баро се поглавари на своите патријархални групи познати како familias, но нивниот авторитет достигнува далеку над фамилија, опфаќајќи го нивното племе или компанија (ромски:kumpania). Улогата ром баро е да ги решава сите внатрешни проблеми во своето племе или група, како што се недоразбирањата во работата, бракот, семејните односи, судења, погреби и тт.н., а се занимава и фо гаѓо (не ромски) власти во создавање на сигурност дека нивното племе е во добра состојба со американскиот закон, договарајќи работа и соочување со надворешните притисоци да се асимилираат. Додека ром баро има значајна моќ и влијание помеѓу ромското племе, тие и понатаму подлежат на ромскиот закон и Крису (ромскиот суд). Ром баро кој нема да успее да ја обезбеди својата заедница или го прекрши ромскиот закон ќе биде отстранет од положбата од страна на Крису. Тоа вклучува ако западне во неволја со властите и ги открива ромските тајни поради што само што ќе ја изгуби својата положба, туку ќе биде исфрлен од племето и ќе се смета за нечист.
Значаен ром баро
Џими Маркс; бил ромски баро се додека не бил сменет бидејќи имал проблеми со законот и ги открил ромските тајни.
Поврзано
Гаѓо Романилен
Наводи
Категорија:Роми Категорија:Називи на државни поглавари