мини|Француски ројалистички бунтовници се подготвуваат за заседа за време на Вандејската буна (Заседа од Еварист Карпантје, 1889) Заседа — тактичка постапка во военото дело, чија суштина се состои во постигнување решавачка предност над противникот преку претходно распоредување на сопствените сили на најверојатната маршрута на движење на непријателот, со запазување на неколку услови:
однапред избрани тактички поволни положби за сите учесници во групата за заседа, внимателно маскирање на почетните положби и нивно поврзување со теренот, искористување на елементот на изненадување.
Целта на заседните дејствија може да биде не само уништување на противникот, туку и негово дезорганизирање, заробување на непријателски сили, прибирање на важни документи, примероци од вооружување и/или трофеи.Поповских П. Я., Кукушкин А. В., Астанин В. Н., Юрченко П. Ф., Савостьянов В. М. Подготовка войскового разведчика. — М.: Воениздат, 1991. — 336 с. — 25 000 экз. (руски)
Постапка Во современото војување, заседата може да биде изведена од копнени сили со големина до вод против непријателски цели, кои можат да бидат други копнени единици или евентуално возила. Меѓутоа, во одредени ситуации, особено длабоко зад непријателските линии, самата заседа ја изведува вод. Единица со големина на чета се распоредува за да го поддржи нападниот вод, поставувајќи и одржувајќи претходно обезбедена патролнa база од која нападната група ќе дејствува и во која ќе се повлече по извршениот напад.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Воена тактика __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__