Бутим (, Критарас; до 1927 г. Μπούτιμ, Бутим) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија Селото се наоѓало околу 30 км северозападно од Драма и 4 км западно од Блачен, на почетокот на длабокиот Бутимски Дол, во падините на планината Боздаг, на надморска височина од 670 м.
Историја
Во Отоманското Царство Селото за првпат се спомнува во отомански дефтер од XV век со 34 глави на семејстваГандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989., сите христијани.
Во XIX век Бутим било македонско село во Неврокопската Каза на Драмскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Будим (Boudime) имало 65 домаќинства и 230 Македонци. Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во селото имало 65 македонски домаќинства. Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото имало 400 жители, сите Македонци. Во извештај до владиката Иларион Неврокопски од 1909 г. Бутим е опишано како „чисто бугарско“.
Во Првата балканска војна, 30 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 329 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 198. По крвавиот Трлиски инцидент од јули 1924 г. сите жители (вкупно 195 лица) се иселиле во Бугарија по официјален пат, најмногу во Никополско (Гуљанци, Шијаково) и Неврокопско (Сингартија, Грмен).
На местото на иселеното македонско население биле доведени 10 бегалски семејства (вкупно 26 бегалци) од Мала Азија, со што селото станало бегалска населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Критарас (Κριθαράς), во превод „јачмен“. Селото е најверојатно напуштено пред Втората светска војна, бидејќи не се спомнува во подоцнежните пописи.
Стопанство Во минатото населението се занимавало претежно со земјоделство и сточарство, а во близина на селото работеле неколку варници. Жителите често оделе на печалба.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Ѓорѓи“ — поранешна главна селска црква
Наводи
Категорија:Историски села во Неврокоп (Егејска Македонија)