Зоран Бојаровски (р. Скопје, година) – македонски новинар и еден од основачите и уредник на порталот Рацин.мк.
Кариера Зоран Бојаровски работеше како новинар и уредник во Алфа ТВ Скопје. Oд 2002 година е активен учесник во програмите на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), како тренер/предавач и проект координатор. Во рамките на Едногодишната школа за новинарство на МИМ, ги предаваше предметите: Онлајн новинарство и мултимедиа, Вовед во новинарството, Етика, Истражувачко новинарство и Граѓанско новинарство Работел на создавање на програмите и реализација на тренинзите за Известување од полиција и суд, Известување за различности, Известување за млади...
Новинарската кариера ја започна во Македонската телевизија. Во 1992 година, заедно со група новинари и телевизиски креативци беше тимот што ја создаде програмската концепција на А1 Телевизија. Во телевизијата работел како новинар, уредник, програмски директор, продуцент. Автор е на десеттици документарни филмови и добитник на неколку меѓународни признанија. Како автор и продуцент бил дел од неколку меѓународни ТВ проекти. Од 1997 година е во печатените медиуми. Во магазинот Форум бил заменик главен уредник и главен уредник. Бојаровски е еден од основачите и главен уредник на веб порталот Кирилица. Се јавува како ко-автор на неколку книги за медиуми и за други теми како дел од тимската работа во нивната подготовка („Столбовите на демократијата” /делот за медиуми/; „Охрид и потоа”, „Пишување за електронски медиуми”; „Пишување за печатени медиуми”).
Од 2023 година, е еден од основачите и главен и одговорен уредник на порталот Рацин.мк.
Надворешни врски www.racin.mk
Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски водители