алт=|мини|235x235пкс| Ана Велиновска (1994 година во Скопје) e македонска пијанистка, истражувачка и изведувачка на современа класична музика.
Предава на Универзитетот за музика „Густав Малер“ во Австрија, на кој ја извршува функцијата Декан.
Како пијанистка, Ана Велиновска се смета за една од најбараните изведувачки на најголемите и најреномирани фестивали за современа музика, со бројни светски премиери зад нејзиното име.
Биографија Ана Велиновска дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Потоа магистрира со највисока почест на Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн, Швајцарија.
Во моментот е докторанд на најдобриот универзитет во Белгија, КУ Левен, кој го носи епитетот за најиновативен универзитет во Европа. Нејзината истражувачка дејност се наоѓа на пресекот на музичката изведба, композицијата и музикологијата, и го испитува моменталниот напредок на проширените техники на свирење на пијано. Велиновска нејзините истражувања постојано ги споделува преку предавања, трудови и презентации на меѓународни конференции како на Universität Köln, KU Leuven и Институтот Орфеј. Нејзините проекти се поддржани со бројни стипендии и грантови, вклучувајќи ги и оние од Stiftung Musikförderung (Луцерн, Швајцарија), Spiess & Mohn Stiftung (Цирих, Швајцарија), Huser-Ösch Stiftung (Луцерн, Швајцарија), Kupper Stiftung (Цирих, Швајцарија) и Blatter Stiftung (Цирих, Швајцарија).
Настапува на големи меѓународни фестивали, вклучувајќи ги Луцерн фестивал, ГАИА фестивал, Алпентоне фестивал, Форум за Нова Музика, Денови на музиката во Станстад, Швајцарија, Концертните серии „Чекор преку граница“ и Фестивалот Wege der Wahrnehmung. На ова се надоврзуваат и соло настапи во ККЛ Луцерн и настапи како солист со Македонската филхармонија и Кунстлер оркестар Виена/Лилиенфелд во Австрија.
Велиновска е редовно вработена на Универзитетот за музичка уметност „Густав Малер“ во Австрија, каде предава музичка интерпретација, како и група предмети за истражувања и развој на уметностите на додипломски и магистерски студии. На истиот универзитет, Ана Велиновска е дел од истражувачкиот тим кој ја креира новата студиска програма за докторски студии по Artistic Research. Од 1 октомври 2025, Ана Велиновска е Декан за музичко-изведувачка уметност на Универзитетот.