Џејсон Пол Најт (роден на 13 февруари 2001, во Даблин) е ирски фудбалер, на Бристол Сити и на ирската репрезентација.
Технички карактеристики Главно се користи како централен играч за врска, но може да игра и десно во среден ред со 4 играчи и како офанзивен играч за врска. Поседува добра физичка сила, која во комбинација со големата агресија го прави многу моќен играч, но неговиот репертоар, исто така вклучува, добра техника и многу ефикасен и прецизен шут од далечина.
Клупска кариера Дарби Каунти Најт започнал да игра фудбал на 4 годишна возраст во ирскиот клуб Кабинтили, пред да се приклучи на Академијата на на 16-годишна возраст.
Откако бил повикан во првиот тим од менаџерот Френк Лампард за некои од натпреварите од завршницата на сезоната 2018-2019 во Чемпионшип, тој бил трајно промовиран во првиот тим за сезоната 2019-2020 од новиот менаџер Филип Коку. Своето деби го направил на 5 август 2019, за време на победата со 2-1 на гостувањето кај . Својте први голови за клубот ги постигнал во победата со 2–1 над Чарлтон Атлетик на 30 декември 2019 година, кога ги постигнал и двата гола за овните. На 22 јануари 2020, тој потпишал нов договор со Дарби до јуни 2023. Првата сезона ја завршил со 35 настапи и 6 гола.
Како стандарден првотимец и во следните две сезони, на 15 јануари 2022, го одиграл својот 100-ти натпревар во дресот на Дарби во победата со 2-0 над . На крајот од сезоната, Дарби испаднал од Чемпионшип во Лига Еден, не можејќи да се избори со минусот од 21 одземен поен.
Во сезоната 2022-2023, Најт често бил распореден како десен крилен бек од привремениот менаџер Лиам Росиниор, покажувајќи ја својата разноврсност како играч. Откако Пол Ворн бил назначен за менаџер во септември 2022 година, Најт се вратил на својата редовна улога во средниот ред и, по импресивниот настап против Порт Вејл, Ворн го опишал Најт како „уживање да се гледа“. Најт постигнал три гола во 47 настапи во текот на сезоната во која Дарби го испуштил плејофот за еден бод; еден од овие голови бил во неговиот 150-ти настап за Дарби во победата со 5–0 над Моркамб на 4 февруари 2023 година.
Бристол Сити На 11 јули 2023 година, Најт му се приклучил на Бристол Сити, потпишувајќи четиригодишен договор за необјавена сума која била договорена помеѓу клубовите. Дебитирал за клубот на 5 август 2023, играјќи како стартер во првиот натпревар од Чемпионшип за сезоната 2023-2024, против , кој завршил нерешено 1-1. Својте први голови како играч на Бристол Сити ги постигнал четири дена подоцна, во победата со 5-1 над во првата рунда на Лига купот. Во својата прва сезона во клубот, тој ги одиграл сите 46 натпревари за Бристол Сити во Чемпионшип, постигнувајќи 4 гола, во освојувањето на 11-тото место на табелата.
Пред почетокот на сезоната 2024-2025, Најт бил назначен за капитен на Бристол Сити, по заминувањето од клубот на Мати Џејмс.
Репрезентативна кариера Најт ја претставувал Ирска на секое ниво од под 17 до под 21 година, а своето деби за сениорската репрезентација го имал во поразот со 1-0 на гостувањето кај Финска во УЕФА Лигата на нации на 14 октомври 2020.
Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал на 3 јуни 2021 година, во победата со 4-1 над во пријателски натпревар.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-2020 ФЛЧ 31 6 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - - 35 6 2020-2021 ФЛЧ 43 2 ФАКуп+ЛК 0+2 0+1 - - - - 45 3 2021-2022 ФЛЧ 38 2 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - 39 2 2022-2023 ФЛ1 38 2 ФАКуп+ЛК 3+3 1+0 - - ТФЛ 3 0 47 3Вкупно Дарби Каунти 150 12 13 2 - - 3 0 166 14 2023-2024 ФЛЧ 46 4 ФАКуп+ЛК 4+2 1+2 - - - - 52 7Вкупно во кариерата 196 16 19 5 - - 3 0 218 21
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Ирска202030202161202280202390202490202520Вкупно371
Наводи
Надворешни врски
Џејсон Најт на soccerway Џејсон Најт на transfermarkt Џејсон Најт на espn Џејсон Најт на whoscored
Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Дарби Каунти Категорија:Фудбалери на ФК Бристол Сити Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Живи луѓе