1401 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1401 година од новата ера, 401. од вториот милениум, 1. од XV век и втора од 1400-тите.
Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6909 и 6910 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6151 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5161 и 5162 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2154.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1401 година се протега во 4037 и 4038, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4097 и 4098 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1944. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 803 и 804 исламска година.
Настани 6 јануари — Рупрехт Фалечки бил крунисан за Крал на Римјаните во Келн. 2 март — лолардот Вилијам Сотри станал првата личност којашто била спалена на клада во Смитфилд. 13 март — Самогитијците, поддржани од Големиот војвода Витаутас, се побуиниле против тевтонските витези и запалиле два замока. Витаутас се здобил со поголема автономија од страна на кралот на Полско-литванска Државна Заедница Јогаила. 24 март — турско-монголскиот владетел Тамерлан го ограбил Дамаск. јуни територијата на Пејл во Ирска се смалила на Даблин, Килдер, Лаут и Мит. Тамерлан го нападнал градот Багдад во Џалаиридскиот Султанат. 14 октомври — делхискиот султан Махмуд II повторно дошол на власт.
Непознат датум Законот De heretico comburendo бил изгласан во Англија откако Кентерберискиот архиепископ го притиснал кралот Хенри IV да ги протера лолардите како кривоверци. Дилавар Хан го основал Малавскиот Султанат во денешна Индија. Монархот Хо Куи Ли од династијата Хо (денешен Виетнам) му го предал престолот на неговиот син Хо Ханг Туонг. Во Маџапахит (денешна Индонезија) избувнала четиригодишна граѓанска војна. Династијата Чосон (денешна Кореја) званично станала вазал на кинеската династија Минг. Шогунатот Ашикага (деннешна Јапонија) станал вазал на кинеската династија Минг.
Родени мини|десно|150п|Франческо I Сфорца 27 март — Албрехт III, гроф на Баварија (1438-1460) (п. 1460) 10 мај — Томас Туденхам, господар (п. 1462) 12 мај — Шоко, крал на Јапонија (п. 1428) 23 јули — Франческо I Сфорца, италијански кондотјер (п. 1466) 14 септрмври — Марија Кастиљска, кралица на Арагон и Неапол (п. 1458) 27 октомври — Катерина од Валоа, кралица на Англија (1420-1422) (п. 1437) 28 октомври — Томас Сент Клер, англиски господар (п. 1435) 26 ноември — Хенри Бофорт, 2. гроф на Сомерсет (п. 1418) 21 декември — Томазо Мазачо, италијански сликар (п. 1428) непознат датум Шарл I Бурбонски, гроф на Клермон ан Бовези (п. 1456) Јакоба, грофица на Ено, Холандија и Зеланд (п. 1436) веројатно — Николај Кузански, германски филозоф, математичар и астроном (п. 1464)
Починале март — Вилијам Сотри, англиски лолард 8 април или 8 август — Томас Бошан (р. 1338) 25 мај - Марија Сицилиска (р. 1363) 14 септември - Доброгост, полски епископ (р. 1355) октомври - Анабела Драмонд, кралица на Шкотска 19 октомври - Џон Чарлтон, 4. барон на Чарлтон (р. 1362) 20 октомври - Клаус Штертебекер, германски пират 25 ноември - Тарабја, крал на Ава (р. 1368) непознат датум - Андроникос Асен Закарија, барон на Чаландрица и Аркадија, Голем констабл на Археја
Надворешни врски
01401