Слободанка Танева-Чичевска (р. 8 јуни 1964 година) — македонска театарска и филмска глумица која живее и работи во Велес.
Животопис Слободанка Чичевска е родена на 8 јуни 1964 година во Велес, Македонија. Основно и средно образование, завршила во Гимназија „Кочо Рацин", Велес. Студирала на Академијата за театар и филм во Софија, Бугарија, а потоа завршила и на Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА во Скопје, во класата на професор Мето Јовановски. Според театарскиот критичар Иван Ивановски, таа е глумица во театарот, која подеднакво добро се снаоѓа и во класичните и во улогите со комичен карактер, застапена и како режисер и како автор на повеќе претстави за деца. Чичевска започнала да работи во велешкиот театар од 1978 година како член на Младинското студио. Вработена е во Театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од 15 октомври 1986 година.
Театарски улоги Чичевска во 1984 година со „Сомнително лице“ во режија на легендарниот Петре Прличко и со него во главна улога таа ја игра Анѓа, тогаш велешкиот театар добил ново име „Драмски театар“, без атрибутот аматерски, и тоа бил предвесникот за враќање на професиналниот статус.
Во 1986 година со се вработила во велешкиот театар. Го напуштила електротехничкиот факултет и школувањето го заокружила подоцна во Софија и започнала со улогите: Агафја во „Женидба“, Дона Елвира во „Дон Жуан“, Соња во „Вујко Вања“, Попова во „Мечка“ и мн. други.
Од 1992 година започнала да игра во претстави во античкиот театар Стоби. Настапувала како Електра во „Електра“ од Еврипид на 27 јули 1992, улогата Антигона во „Антигона“ од Софокле, Клитајмнестра во „Ифигенеја во Авлида“, Елена Тројанска во „Орест“ Клитемнестра во „Ифигенеја во Авлида", Јокаста од „Ојдип Тиранин", Касандра, Елена- Тројанска од „Орест" Еврипид, Лампита во „Лисистрата, Сила во Плутос", Бегалка во „Баханалии" , Ученикот од „Облаци", „Птици од Аристофан“, „Жени во народното собрание", „Бакхи", „Сердарот" од Прличев и мн. други.
Чичевска е режисер на повеќе од 15- тина претстави за деца во кој се јавува и како автор на текст во: „Смрзнатиот пингвин", „Маја и крадците", „Царче Жарче", „Златната рипка", „Шумска болница" адаптација и режија на „Емигранти"- Мрожек, „Некрстени денови", „Будење на Ангелите".
Покрај тоа, Чичевска својот глас го позајмила и во неколку радиодрами, хумористичната емисија „Коце и Коца" која повеќе години се емитувала секоја сабота во живо. Таа е основач на Младинското студио „Прличко".
Филмографија Таа била дел од и од филмски дела, како што се улогите на: Гувернанта во „На Балканот не се пие чај", улогата на првата другарка на Сербез Донка, во „Сербез Донка", „Македонски народни приказни“, серијата „Погрешно време" - во две улоги како инспекторка и проститутка, улогата на мајката во „Вистински момент", на А. Арсовски и улогата на Цвета во „Мајка" на Ѓ. Лазов.
1998: На Балканот не се пие чај 1999: Македонски народни приказни 2000: Погрешно време 2007: Елегија за тебе 2014: Приказни од животот 2017: Вистински момент 2018: Заразната област Мара и Жарко 2025: Мајка
Награди Плакета „Вила Зора“ за глумица на годината во 1997 година Гран-при за најдобра претстава за деца на ФААД- Кочани за режија и адаптација на „Златната рипка". Пофалчница „9 номеври“ за вкупен придонес на театарската уметност во Општина Велес во 2016 година. Награда за животно дело „Петре Прличко" за 2025 година
Наводи
Надворешни врски
„Некрстени денови“ - сцена 2 „Шумска Болница“ Разговор со Слободанка Чичевска
Категорија:Глумци од Велес Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Луѓе од Велес