Православието во Узбекистан се однесува на приврзаниците и верските заедници на источното православно христијанство во Узбекистан. Узбекистан има муслиманско мнозинство, но околу 5% од населението се источни православни христијани, главно етнички Руси. десно|мини|293x293пкс| Руска православна црква во Ташкент десно|мини|220x220пкс| Руска православна црква во Самарканд Руската православна црква во Узбекистан почнала да се формира во текот на 19-тиот век, кога целиот регион бил под власт на Руската империја. Првите источноправославни црковни структури биле формирани пред Руската револуција (1917), но за време на советската ера верскиот живот генерално бил потиснат. Денес, Руската православна црква во Узбекистан спаѓа во јурисдикција на Руската православна епархија на Ташкент и Централна Азија, со која раководи митрополит. Од 2011 година, митрополит на Ташкент и Централна Азија е Винсент (Морар). Од 15 мај 2008 година, Руската православна црква во Узбекистан е една од официјално регистрираните христијански деноминации во земјата.

Поврзано

Религија во Узбекистан Христијанство во Узбекистан Руска православна црква во Узбекистан Римокатолицизам во Узбекистан Протестантство во Узбекистан

Наводи

Категорија:Религијата по земја Категорија:Христијанство по место