мини|Милан Илоски Милан Илоски (роден на 29 јули 1999, во Ескондидо) е американски фудбалер со македонско потекло, на Сан Диего.
Биографија Илоски е роден во Ескондидо, Калифорнија, од родители со македонско потекло. Тој има двајца браќа Брајан и Ерик Илоски и двајцата се исто така фудбалери.
Клупска кариера Откако играл колеџ фудбал на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, на 15 јануари 2020 година, потпишал за клубот од МЛС американската лига, . Своето деби за клубот го направил на 10 септември 2020 година, влегувајќи како замена во продолжението од победата со 3-0 над ФК Лос Анџелес. Откако тоа бил неговиот единствен настап за клубот за сезоната, следната сезона тој играл за вториот тим Реал Монаркс во УСЛ првенството каде на 18 натпревари постигнал 5 гола. По завршувањето на сезоната 2021, опцијата за продолжување на неговиот договор била одбиена од Солт Лејк.
На 22 февруари 2022, Илоски потпишал за Оринџ Каунти. По две импресивни сезони, од кој во првата ја освоил и златаната копачка за најдобар стрелец во УСЛ првенството со 22 постигнати гола, на 12 септември 2023 тој бил купен од данскиот клуб Норшелан, на кој според договорот требало да му се придружи по завршувањето на сезоната во УСЛ со Оринџ Каунти. Своето деби за данскиот клуб го направил на 11 август 2024, влегувајќи како замена во 87-мата минута од натпреварот од Суперлигата на Данска против Лингби што завршил нерешено 1-1. Својот прв гол во дресот на Норшелан го постигнал во победата со 4-1 на гостувањето кај Сенерјуск на 6 октомври 2024.
На 2 април 2025, Илоски бил позајмен на новиот член во МЛС лигата, Сан Диего. Дебитирал за клубот единаесет дена подоцна, заменувајќи го Анибал Годој во поразот со 3-2 на гостувањето кај .
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 28 април 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020 МЛС 1 0 УСКуп 0 0 - - - - - 1 0 2021 МЛС 1 0 УСКуп 0 0 - - - - - 1 0Вкупно Реал Солт Лејк 1 0 0 0 - - - - 2 0 2020 Реал Монаркс УСЛ 1 0 - - - - - - - - 1 0 2021 УСЛ 18 5 - - - - - - - - 18 5Вкупно Реал Монаркс 19 5 - - - - - - 19 5 2022 Оринџ Каунти УСЛ 31 22 УСКуп 2 1 - - - - - 33 23 2023 УСЛ 35 17 УСКуп 2 3 - - - - - 37 20Вкупно Оринџ Каунти 66 39 4 4 - - - - 70 43 јан.-јун. 2024 Норшелан СЛ 0 0 КД 0 0 - - - - - 0 0 2024-апр. 2025 СЛ 16 2 КД 2 0 - - - - - 18 2Вкупно Норшелан 16 2 2 0 - - - - 18 2 2025 МЛС 3 0 УСКуп 0 0 - - - - - 3 0Вкупно во кариерата 106 46 6 4 - - - - 112 50
Наводи
Надворешни врски
Милан Илоски на soccerway Милан Илоски на transfermarkt Милан Илоски на espn Милан Илоски на whoscored
Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Реал Солт Лејк Категорија:Фудбалери на ФК Норшелан Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2003 година Категорија:Американци со македонско потекло