Леонид Данилович Кучма (украински: Леонід Данилович Кучма; роден на година) — украински политичар, втор претседател на Украина, во периодот од 19 јули 1994 до 23 јануари 2005 година. Тој е единствениот претседател на Украина кој служел два мандати, неговото претседателство било обележано со демократско назадување и раст на украинските олигарси, како и неколку скандали и подобрување на односите меѓу Русија и Украина.

По успешна кариера во машинската индустрија на Советскиот Сојуз, Кучма ја започнал својата политичка кариера во 1990 година, кога бил избран во Врховната Рада (украинскиот парламент); бил повторно избран во 1994 година. Тој бил премиер на Украина помеѓу октомври 1992 и септември 1993 година. Кучма ја презел функцијата откако победил на претседателските избори во 1994 година против својот ривал, актуелниот претседател Леонид Кравчук. Кучма бил реизбран за дополнителен петгодишен мандат во 1999 година. Корупцијата се забрзала по изборот на Кучма во 1994 година, но во 2000–2001 година, неговата моќ почнала да слабее поради разоткривањето на информациите во медиумите.

Администрацијата на Кучма започнала кампања за цензура на медиумите во 1999 година, што довело до апсења на новинари, смртта на Георгиј Гонгадзе и последователниот скандал со касетите и масовни протести. Украинската економија продолжила да опаѓа до 1999 година, додека раст бил забележан од 2000 година, носејќи релативен просперитет за некои сегменти од урбаните жители. За време на неговото претседателствување, украинско-руските односи почнале да се подобруваат. Кучма одбил да се кандидира за трет мандат, наместо тоа го поддржал кандидатот на Партијата на регионите Виктор Јанукович на изборите во 2004 година. По јавните протести поради наводната изборна измама што ескалирале во Портокалова револуција, Кучма зазел неутрален став и станал посредник помеѓу Виктор Јушченко и Виктор Јанукович. Помеѓу 2014 и 2020 година, Кучма бил специјален претседателски претставник на Украина на мировните преговори во врска со тогашната војна во Донбас.

Наследството на Кучма се покажало како контроверзно, а тој е опишан како авторитарен од различни извори. Распространетата корупција и медиумската цензура под администрацијата на Кучма продолжуваат да имаат влијание врз Украина денес, а тој е обвинет за промовирање на олигархизам.

Ран живот Леонид Данилович Кучма е роден во селото Чајкино во руралната Черниговска Област на 9 август 1938 година. Неговиот татко, Данило Прокопович Кучма (1901–1942) бил ранет во Втората светска војна и на крајот починал од раните во полската болница бр. 756 (во близина на селото Новоселица) кога Леонид имал четири години. Неговата мајка Параска Трохимивна Кучма работела на колхоз.

Кучма посетувал општо образование во Костобобрив во соседниот Семеновски Округ. Подоцна се запишал на Националниот универзитет во Днепропетровск како кандидат за технички науки и дипломирал во 1960 година со диплома по машински инженеринг (со насока воздухопловно инженерство). Во 1960 година се приклучил на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.

Кариера По дипломирањето, Кучма работел во областа на воздухопловното инженерство за Јужно дизајнерско биро во Днепропетровск. На 28 години станал директор за тестирање на Бирото распоредено на космодромот Бајконур.

Некои политички набљудувачи сугерирале дека раната кариера на Кучма била значително поттикната од неговиот брак со Људмила Талалаева, посвоена ќерка на Генадиј Туманов, главен инженер во Јужмаш, а подоцна и советски министер за средна машинска индустрија.

На 38 години Кучма станал шеф на Комунистичката партија во Машинскиот завод „Јужни“ и член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Украина. Тој бил делегат на 27-ми и 28-ми Конгрес на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. До крајот на 1980-тите, Кучма отворено ја критикувал Комунистичката партија.

Во 1982 година, Кучма бил назначен за прв заменик инструктор во „Јужмаш“, а од 1986 до 1992 година ја извршувал функцијата генерален директор на компанијата. Од 1990 до 1992 година, Кучма бил член на Врховната Рада (украинскиот парламент). Во 1992 година бил назначен за премиер на Украина. Тој поднл оставка една година подоцна, жалејќи се на „бавното темпо на реформите“. Тој билповторно избран во парламентот во 1994 година.

Претседател (1994–2005) Кучма поднел оставка од функцијата премиер на Украина во септември 1993 година за да се кандидира за претседател во 1994 година со платформа за зацврстување на економијата преку обновување на економските односи со Русија и побрзи пропазарни реформи. Кучма извојувал јасна победа против актуелниот претседател Леонид Кравчук, добивајќи силна поддршка од индустриските области на исток и југ. Неговите најлоши резултати биле на западот од земјата.

Кучма бил реизбран во 1999 година за втор мандат. "Profile: Leonid Kuchma". Овој пат областите што му дале најсилна поддршка минатиот пат гласале за неговите противници, а областите што гласале против него минатиот пат дале негова поддршка.

За време на претседателствувањето на Кучма, тој ги затворил опозициските весници, а неколку новинари и политички противници, како што е Вјачеслав Чорновил, починале под мистериозни околности. Според историчарот Сергиј Јекелчик, администрацијата на претседателот Кучма „слободно користела изборни измами“ за време на уставниот референдум во 2000 година и претседателските избори во 1999 година.

Домашна политика Во октомври 1994 година, Кучма најавил сеопфатни економски реформи, вклучувајќи намалени субвенции, укинување на контролата на цените, пониски даноци, приватизација на индустријата и земјоделството и реформи во регулирањето на валутата и банкарството. Парламентот ги одобрил главните точки на планот. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ветил заем од 360 милиони долари за да започне реформи.

Тој бил реизбран во 1999 година за втор мандат. Противниците го обвиниле за вмешаност во убиството на новинарот Георгиј Гонгадзе во 2000 година, но Кучма постојано ги негирал таквите тврдења. Критичарите, исто така, го обвиниле Кучма за ограничувањата на слободата на печатот. Се верува дека Кучма одиграл клучна улога во распуштањето на кабинетот на Виктор Јушченко од страна на Врховната Рада на 26 април 2001 година.

Премиер на Кучма од 2002 до почетокот на јануари 2005 година бил Виктор Јанукович, откако Кучма го разрешил Анатолиј Кинах, неговиот претходен назначен човек.

Надворешна политика мини| Кучма со претседателот на Европската комисија Романо Проди во Брисел, 5 декември 1999 година Во 2002 година, Кучма изјавил дека Украина сака да потпише договор за асоцијација со Европската Унија до 2003-2004 година и дека Украина ќе ги исполни сите услови за членство во ЕУ до 2007-2011 година. Тој, исто така, се надевал на договор за слободна трговија со ЕУ. EU-Ukraine Summits: 16 Years of Wheel-Spinning, The Ukrainian Week (28 February 2012)

Во своето инаугуративно обраќање, Кучма изјавил:Историски гледано, Украина е дел од евроазискиот културен и економски простор. Витално важните национални интереси на Украина сега се концентрирани на оваа територија на поранешниот Советски Сојуз... Ние сме поврзани и со... поранешните републики на Советскиот Сојуз преку традиционални научни, културни и семејни врски... Убеден сум дека Украина може да ја преземе улогата на еден од лидерите на евроазиската економска интеграција.'Leonid Kuchma sklav prysiagu na virnist' ukrains'komu narodovy', Holos Ukrainy, 21 July 1994.  Кучма потпишал „Договор за пријателство, соработка и партнерство“ со Русија и одобрил рунда разговори со ЗНД. Дополнително, тој го нарекол рускиот јазик „официјален јазик“. Тој потпишал посебен договор за партнерство со НАТО и ја покренал можноста за членство во алијансата. Под водство на Кучма, вооружените сили на Украина учествувале во војната во Ирак.

Откако популарноста на Кучма дома и во странство се намалила бидејќи бил вмешан во корупциски скандали, тој се свртел кон Русија како свој нов сојузник. Од крајот на 1990-тите, тој усвоил надворешна политика која ја опишал како „мултивекторска“, допирајќи до Русија, Европа и Соединетите Американски Држави. Критичарите ја оцениле оваа политика како манипулирање и на Западот и на Русија во лична корист на Кучма и украинските олигарси.

На 4 октомври 2001 година, летот 1812 на „Сибир ерлајнс“ бил соборен над Црното Море од страна на украинските воздухопловни сили додека летал од Тел Авив, Израел кон Новосибирск, Русија. Сите 78 патници во авионот, од кои повеќето биле Израелци кои ги посетувале роднините во Русија, биле убиени. По соборувањето, Кучма првично одбил да ја прифати оставката на Олександр Кузмук, министер за одбрана на Украина, и изјавил: „Погледнете што се случува низ целиот свет, во Европа. Ние не сме први, ниту ќе бидеме последни. Нема потреба да се прави трагедија од ова. Грешки се случуваат насекаде, и не само на ова ниво, туку на многу поголемо, планетарно ниво.“ Сепак, една недела подоцна, Кучма ја објавил својата подготвеност да соработува со руските истражители, им се извини на владите на Русија и Израел и ја прифатил оставката на Кузмук.

Убиството на Георгиј Гонгадзе и скандалот со касетите Од 1998 до 2000 година, телохранителот на Кучма, Микола Мелниченко, наводно ја прислушкувал канцеларијата на Кучма, а подоцна ги објавил снимките. Објавувањето на снимките – наречено Скандал со касети – наводно ги открило бројните злосторства на Кучма. Особено било неговото одобрување на продажбата на радарски системи на Садам Хусеин (меѓу другите нелегални продажби на оружје) и наредбата за смртта на новинарот Георгиј Гонгаѕе. мини| Украина без Кучма, 6 февруари 2001 година Во септември 2000 година, Гонгаѕе исчезнал, а неговиот обезглавен труп бил пронајден осакатен на 3 ноември 2000 година. На 28 ноември, опозицискиот политичар Олександр Мороз ги објавил снимките според кои Кучма е вмешан во убиството на Гонгадзе. Во 2005 година, канцеларијата на украинскиот генерален обвинител покренал кривична постапка против Кучма и членовите на неговата поранешна администрација во врска со убиството на Гонгадзе. Во 2005 година, печатот објавил дека на Кучма неофицијално му е доделен имунитет од кривично гонење во замена за неговото благородно заминување од функцијата во 2005 година.

Критичарите на снимките посочуваат на тешкотијата Мелниченко да сними 500 часа диктафонска снимка без помош и и без да биде разоткриен, недостатокот на материјални докази за споменатата опрема за снимање и други сомнежи што ја довеле во прашање автентичноста и мотивот на објавувањето на снимката. Кучма признал во 2003 година дека неговиот глас бил еден од оние на снимките, но тврдел дека снимките биле селективно монтирани за да се наруши нивното значење.

Сепак, амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Украина, Карлос Пасквал, открил дека касетите биле оригинални, неискривени, непроменети и неманипулирани, бидејќи заклучокот од анализата на оригиналниот уред за снимање и оригиналната снимка од страна на Електронскиот истражувачки центар на ФБИ покажала дека нема невообичаени звуци што би укажувале на манипулација со снимката, снимката е континуирана без прекини и нема манипулација со дигиталните датотеки.

Генералното обвинителство на Украина ја поништило својата резолуција за одбивање на отворање кривични постапки против Кучма и други политичари во рамките на случајот Гонгаѕе на 9 октомври 2010 година. На 22 март 2011 година, Украина отворила официјална истрага за убиството на Гонгаѕе, а два дена подоцна, украинските обвинители го обвиниле Кучма за вмешаност во убиството. Украинскиот окружен суд им наложил на обвинителите да ги отфрлат кривичните обвиненија против Кучма на 14 декември 2011 година, врз основа на тоа дека доказите што го поврзуваат со убиството на Гонгаѕе се недоволни. Судот ги отфрлил снимките на Мелниченко како доказ. Вдовицата на Гонгаѕе, Мирослава Гонгаѕе, поднела жалба против пресудата една недела подоцна.