мини| Лост Бају на фестивалот „Француски четврт“ Фестивалот „Француска четврт“ — бесплатен, годишен музички фестивал што се одржува на почетокот на април, сместен во историскиот Француска четврт во Њу Орлеанс, Луизијана. Основан во 1983 година, првиот фестивал се одржал во 1984 година. На фестивалот првенствено се претставува музика од Њу Орлеанс, како што се џез, блуз од стотици локални музичари, како и храна од повеќе ресторани во Њу Орлеанс.
Во април 2008 г, џез-пијанистот Рони Коул зборувал како бил создаден овој нов настан во Њу Орлеанс. Во раните 1980-ти, канцеларијата на градоначалникот регрутирала десет луѓе, девет сопственици на бизниси и еден музичар, за да организираат нов фестивал за градот. Со проценета посетеност од над 800.000 во 2019 година, фестивалот се претставува како „најголемата светска изложба на музика од Луизијана“. Сепак, во 2020 и 2021 година, настанот бил откажан поради пандемијата на Ковид-19.
За време на фестивалот во Францускиот кварт, повеќе од 20 сцени низ Францускиот кварт изведуваат локална музика и претставуваа традиционален и современ џез, Р&Б , фанк од Њу Орлеанс, дувачки оркестри, фолк, госпел, латино, класична музика, кабаре и интернационална музика.
Од 2021 година, фестивалite „Француска Четврт“, „Сачмо Самерфест“ и „Холидејс Њу Орлеанс стајл“ формално се надгледувани од непрофитната организација „Френч куартер фестивалс“, која од 2017 година ја води извршната директорка Емили Мадеро. Во февруари 2022 година, фестивалот „Француска Четврт“ најавил враќање во април 2022 година. Настанот во 2022 година се одржал од 21 до 24 април 2022 година.
Поврзано
Список на џез фестивали Сачмо Летен Фестивал Марди Гра во Њу Орлеанс
Наводи
Надворешни врски
Веб-страница на Францускиот кварт Фестивали Инк. Статии на NOLA.com за фестивалот „Француски кварт“ Категорија:Џез фестивали