Алумбрадоси (шпански: alumbrados, просветлени), исто така наречени , биле практичари на мистична форма на христијанство во Кастиљската круна во текот на 15-тиот и 16-тиот век. Некои алумбрадоси биле само малку хетеродоксни, но други имале ставови кои биле јасно еретички според тогашните авторитети. Како последица на тоа, тие биле строго потиснати и биле едни од првите жртви на шпанската инквизиција.
Позадина Марселино Менендез Пелајо го открил името уште во 1492 година (во формата во 1498 година), и го проследил гностичкото потекло на групата. Тој сметал дека нивните ставови биле промовирани во Шпанија преку влијанија од Италија.
Верувања Алумбрадосите сметале дека човечката душа може да достигне таков степен на совршенство што дури и во земниот живот може да ја созерцува суштината на Бога и да ја сфати тајната на Светото Тројство. Тие тврделе дека секое надворешно богослужение било излишно, примањето на светите тајни бескорисно, а гревот невозможен во оваа состојба на целосно соединување со Бога. Лицата во оваа состојба на беспрекорност можеле слободно да ги задоволуваат своите сексуални желби и да извршуваат други грешни дела без да ги валкаат своите души.
Наводи
Извори
Библиографија López de Rojas, Gabriel. Sectas y órdenes. Martínez Roca (2007).
Надворешни врски
Алумбрадосите од Шпанија Категорија:Шпанска инквизиција Категорија:Христијански мистицизам