Анис Мехмети (роден на 9 јануари 2001, во Ислингтон) е англиски фудбалер со албанско потекло, на Бристол Сити и на албанската репрезентација.
Биографија Мехмети е роден во Ислингтон, Лондон, но има албански корени.
Клупска кариера Роден во Лондон, Мехмети како дете играл за Фулам и Тотенхем, пред да дојде во Норич Сити во 2017 година. Откако бил отпуштен од академијата на „канаринците“, тој му се приклучил на аматерскиот клуб Вудфорд Таун, екипа од Фудбалската лига на Есекс, за која забележал 11 настапи и еден гол за време на сезоната 2019-2020.
На 29 септември 2020, тој потпишал за екипата од Чемпионшип, Викомб Вондерерс, правејќи огромен скок од аматери кон професионалци. На 17 октомври го направил своето деби во второто ниво на англискиот фудбал, влегувајќи како замена во 79-тата минута од поразот со 1-2 на домашен терен од . Својот прв професионален гол го постигнал во ремито 1–1 против Квинс Парк Ренџерс на 19 декември 2020 година. На 30 ноември 2021, тој потпишал продолжување на договорот со Викомб до јуни 2024.
На 31 јануари 2023 година, Мехмети потпишал три ипол годишен договор со Бристол Сити.
Репрезентативна кариера Иако е роден во Англија, Мехмети одбрал на репрезентативно ниво да настапува за Албанија играјќи за нејзините младински селекеции под 16 и под 19 години.
На 25 мај 2021 година, Мехмети го добил својот прв повик во албанската репрезентација под 21 година за квалификацискиот натпреварот против Андора на 4 јуни 2021 година и пријателскиот натпревар против Бугарија на 8 јуни 2021 година, дебитирајќи и постигнувајќи го својот прв гол во првиот од споменатите натпревари.
Во март 2023 година, го добил првиот повик во сениорската репрезентација од селекторот Силвињо за квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2024 против Полска, во кој дебитирал влегувајќи како замена во 70-тата минута од натпреварот во кој Албанија била поразена со 1-0 во Варшава.
Хронологија на репрезентативните настапи
Наводи
Надворешни врски
Анис Мехмети на soccerway Анис Мехмети на transfermarkt Анис Мехмети на espn Анис Мехмети на whoscored
Категорија:Албански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бристол Сити Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Живи луѓе