Свети Никола () — црква во населбата Устово, Смољан, Бугарија. Влегува во состав на Пловдивската епархија на Бугарската православна црква.
Црквата е подигната во 1836 г. вкопано во земјата, согласно тогашните барања на отоманската власт. Според месни преданија, на тоа место постоеле постар параклис и гостилница. Други преданија споменуваат посети на монаси од Света Гора. Во 1883 г. храмот бил обновен во сличен облик на првичната градба од мајсторот Васил Димов од с. Југово.
Градбата претставува трикорабна базилика со една апсида и отворено претсобје.Църква „Св. Никола“ в кв. Устово, гр. Смолян Пред храмот е подигнат споменик на јеромонахот Григориј – Поп Глигорко, сметан за значаен деец во овој крај. Во храмот се чуваат неколку вредни икони, меѓу кои се на Св. Никола, која се смета за чудотворна и на браќата Св. Кирил и Методиј (1865) од самоковскиот мајстор Станислав Доспевски.
Поврзано Пловдивска епархија
Наводи
Категорија:Цркви во Смољан Категорија:Цркви во Пловдивската епархија Категорија:Појавено во 1836 година