„Чудна е Македонија“ — поема на македонскиот поет Венко Марковски, напишана на 20 јануари 1940 година, во Софија. Во 1945 година, таа била вклучена во стихозбирката „Порои“, објавена од Државното книгоиздателство на Македонија.Венко Марковски, Порои. Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1945, стр. 105.

Содржина Поемата се состои од пролог и три песни: Пролог: Во овој дел, поетот ги опејува најпознатите македонски земјоделски култури: кочанскиот ориз, пченицата „вардарка“, тиквешкото грозје, охриската летница, велешкиот афион, тетовските јаболка, нејзините природни и историски знаменитости: планината Бигла, Крушево, Пирин, Белото Море, Вардар, Гоце Делчев, Ѓорче Петров и Даме Груев, како и нејзиното ропско минато.Венко Марковски, Порои. Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1945, стр. 59-60. Прва песна: Овчарот Диме гледа како едно утро заминува селската чета, но него не го примаат поради младоста.Иако има смао 16 години, тој има голема желба да се бори за слободата на својата земја. Три години подоцна, додека ги пасе овците, тој пак ја среќава четата. Кога наближувата изборите, старецот Велко ги советува селаните да гласаат за налбатот Јане, а не за чорбаџијата Заре, кој е близок со туѓинската власт. Ноќта пред изборите, Диме одлучува да го напушти селото Чичево.Венко Марковски, Порои. Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1945, стр. 61-77. Втора песна: Диме заминува во Белград, каде попусто се обидува да најде работа. Притиснат од гладот, тој продава лимони на пазарот, каде го апсат жандармите. Тој живее како бездомник, а го спасува Ристе од Богданци, кој го прибира во својот стан. Таму, Диме учи да чита и станува голем љубител на книгите, а работи како градежен работник. Во тој период, тој ја запознава девојката Мирсина и меѓу нив се раѓа љубов. По некое време, Диме се враќа во Чичево, каде се среќава со Јане, по што заминува во Велес, каде е сведок на маките на работниот народ. Оттаму, тој пак се враќа во Белград, каде полицијата ги апси неговите другари Ристе и Мичо.Венко Марковски, Порои. Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1945, стр. 79-95. Трета песна: Полицијата ги мачи Ристе и Мичо, а во меѓувреме, Диме и Мирсина лепат револуционерни плакати низ градот. На плоштадот Славија, студентите и работниците одржуваат големи протести, а во нападот на полицијата има многу жртви. Тогаш погинува Мирсина, а смртно ранетиот Диме извикува борбени пароли, уверен во победата на угнетените класи.Венко Марковски, Порои. Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1945, стр. 97-105.

Наводи

Категорија:Дела на Венко Марковски