Кловн во полето со пченка () — американски комичен слешер, режиран од Илај Крег, а напишан од Крег и Картер Бланшард. Станува збор за адаптација на романот „Кловн во полето со пченка“ од Адам Чезаре од 2020 г. Во филмот глумат Кејти Даглас, Арон Абрамс, Карсон Макормак, Кевин Дјуранд, Вил Сасо и Касандра Потенза.
Премиерата на филмот во САД била на 9 мај 2025 г., а во Македонија на 22 мај истата година. Филмот добил потврдни одзиви од критичарите.
Содржина Квин и татко ѝ се селат во малиот, здодевен град Кетл Спрингс, но не се свесни дека откако ја затвориле фабриката Бејпен, градот е поделен на два дела. Од една страна се возрасните, очајни повторно да го направат Кетл Спрингс прекрасно место. Од другата страна се младинците што сакаат забава и да го напуштат Кетл Спрингс. Судирот помеѓу нив се заканува да го уништи градот... Сѐ додека Френдо, маскотата на фабриката Бејпен, морничав кловн, не стане убиствено настроен и не се обиде да го „исчисти“ градот од „расипаното“ поколение младинци што сега живее таму.
Улоги
|Кејти Даглас |Квин Мејбрук |- |Арон Абрамс |д-р Глен Мејбрук |- |Карсон Макормак |Кол Хил |- |Кевин Дјуранд |Артур Хил |- |Вил Сасо |шериф Џорџ Дан |- |Касандра Потенза |Џанет
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик