„Непокор“ — стихозбирка на македонскиот поет Анте Поповски, првобитно објавена во 1964 година, како издание на „Култура“.

Содржина Збирката содржи три поеми:Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 379-435. „Македонија“ „Гоце Делчев“ „Попусто мајко“ (На Крсте Петков Мисирков)

Осврт кон делото Слободан Мицковиќ ја оценува збирката „Непокор“ како логично продолжение на поетскиот концепт во „Вардар“, кој на места е идентичен во двете книги, а повремено е различен, но и тогаш двете книги остануваат комплементарни. И во оваа збирка се присутни трагедијата и страдањето, но сега надополнети со непокорот, сублимиран во ликовите на Гоце Делчев и Крсте Мисирков. Поетскиот говор во збирката е потполно објективизиран, а тоа се постигнува преку лапидарното кажување кое го затскрива поетот и има тенденција да се прикаже како самоговор. Тааа згуснатост на исказот се потпира на херметичниот говор на старите записи и сугерира не поетско одење во минатото, туку доаѓање на самото минато во поезијата. Затоа, во овој концепт нема место за поетското „јас“ кое се објективизира и ја укинува својата егзистенција.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 539-541.

Наводи

Категорија:Дела на Анте Поповски Категорија:Книги од 1964 година Категорија:Појавено во 1964 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1964 година Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Изданија на Култура