Сказни од браќата Грим — збирка германски народни приказни собрани и запишани од Браќата Грим (Јакоб и Вилхелм). Првата збирка, „Детски и домашни сказни“ (германски : Kinder- und Hausmärchen), била објавена во три тома (I – III, 1812 – 1822). Збирката содржела повеќе од 200 сказни, народни приказни и шеги - народно богатство запишано според усно предание. Во текот на изминатите векови, сказните на браќата Грим имале безброј изданија и биле преведени од германски на голем број светски јазици. Заедно со Лутеровата верзија на Библијата, „Детски и домашни приказни“ се сметаат за најпознато дело на германската книжевност.

Покрај сказните, оваа збирка вклучува и митови, нордиски саги, легенди, разни облици на усна народна книжевност, приказни за животни и поучни приказни. Тие имале огромно влијание врз собирачите на народна усна книжевност, вклучувајќи го и Вук Стефановиќ Караџиќ.

Работа на собирање сказни десно|мини|250x250пкс| Браќата Грим Претставувајќи ги верувањата на книжевните творци за време на романтичниот период дека сказните и приказните, како облици на народна книжевност, го одразуваат народниот дух, браќата Грим, во теорија, се стремеле да го доловат автентичниот стил во кој се раскажувале сказните. Сепак, во пракса тие честопати ѝ давале слобода на сопствената раскажувачка вообразба, а подоцна, во Вилхелмовата редакција, текстовите биле значително изменети. Описни елементи, живописни подробности, мотиви од други извори биле додадени во наивната нарација на народниот раскажувач, а логичката мотивација била посилно нагласена. На овој начин, тие создале посебен прозен стил на сказни, што е едно од најзначајните достигнувања на романтизмот. Браќата Грим многу внимателно собирале и одбирале сказни и споредувале различни варијанти, со што основале нова научна дисциплина - истражување на сказните.

Иако нивната прва книга е насловена како „Детски и домашни сказни“, таа не е напишана за деца. Браќата сметале дека нивната работа е научна, а овие приказни, според нивната првична замисла, требало да се користат за академски студии, па затоа нивната содржина била наменета за возрасни. Затоа овие први, изворни сказни биле полни со суровост, убиства, насилство и злоупотреба на деца и возрасни. Меѓутоа, кога книгите станале популарни, тие се соочиле со сериозни критики. Црковните достоинственици верувале дека тие не се напишани во христијански дух. Затоа нивниот трет брат, Емил Грим, кој ги илустрирал сказните на своите браќа, додал голем број христијански симболи на сликите (на пример, на ноќната масичка на бабата на Црвенкапа имало Библија итн.).

Од првото издание, отпечатено во 900 примероци, па сè до крајот на животот на браќата Грим, односно во раздобјето од 1812 до 1964 година. „Детски и домашни сказни“ биле објавени 17 пати. Браќата Грим сакале по секоја цена да го зачуваат она што се пренесувало низ поколенијата, и ги цензурирале по пат, по потреба. Како што сказните станувале поконзервативни, тие стануваа сè попопуларни.

Забранети казни лево|мини|200x200пкс| Фонтаната на сказните во германскиот округ Штајнау ан дер Штрасе, во покраината Хесен, е посветена на браќата Грим, кои живееле таму од 1791 до 1796 година. Изградена е во 1985 година. За време на Третиот Рајх, сказните на браќата Грим биле користени за поттикнување на национализам. Затоа, по завршувањето на Втората светска војна, сказните биле забранети во германските училишта, под изговор дека коренот на нацизмот се наоѓа во нив. Британскиот мајор Т.Ј. Леонард тврдел дека тие им помогнале на Германците да ги научат своите деца на „различни видови варваризми“ и им го олесниле вклопувањето во улогата на џелати, додека германскиот писател Гинтер Биркенфелд верувал дека сказните го содржат одговорот на прашањето како Германците успеале да ги издржат злосторствата што се случиле во Аушвиц.

За време на „прогонството“ на книгите од германските училници и градинки, приказните за браќата Грим го нашле своето место во Холивуд, во популарните цртани филмови на Волт Дизни. Во 1970 година во Германија тие биле вклучени во школската лектира.

Светско наследство десно|мини|250x250пкс| Музејот на браќата Грим во Касел Ракописите на браќата Грим денес се чуваат во нивниот музеј во Касел, а во 2005 година биле вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Во октомври 2014 година бил објавен англиски превод на првото, изворно и непрочистено издание на познатите Скзни од браќата Грим, со сите сцени на насилство што биле изменети и отстранети во подоцнежните изданија. Збирката од 156 оригинални сказни ја објавил Џек Зајпс, професор по германска и споредбена книжевност на Универзитетот во Минесота.

Поврзано Бајка Сказна

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:1812 Категорија:Германски писатели Категорија:Германска книжевност Категорија:Германска култура Категорија:Сказни од браќата Грим