Чувај ми го грбот (, буквално: Телохранителот на убиецот) — американски акционен филм во режија на Патрик Хјуз за еден постар платен убиец и еден млад телохранител што мора да го предаде својот штитеник на меѓународен суд за да сведочи. Главните улоги ги играат Рајан Рејнолдс и Семјуел Л. Џексон. Филмот бил објавен во Македонија на 31 август 2017 г., а во САД на 18 август 2017 г.

Продолжението насловено Чувај ми го грбот 2 било објавено на 16 јуни 2021 г.

Содржина Белорускиот диктатор Владислав Духович е обвинет за геноцид. Судењето не оди добро за обвинителството — нивните сведоци имаат склоност да се појавуваат мртви. Меѓутоа, тие имаат еден адут — платениот убиец Дариус Кинкејд е подготвен да сведочи против Духович. Интерпол се обидува да го изведе Кинкејд на судењето, но откако конвојот е нападнат од заседа, агентката на Интерпол Амелија Расел, свесна дека во нејзината организација има шпион на Духович, повикува надворешна помош — професионалниот телохранител Мајкл Брајс. Еден проблем — Брајс и Кинкејд се мразат.

Улоги

|Рајан Рејнолдс |Мајкл Брајс |- |Семјуел Л. Џексон |Дариус Кинкејд |- |Гари Олдман |Владислав Духович |- |Салма Хајек |Соња Кинкејд |- |Елоди Јунг |Амелија Расел |- |Жоаким де Алмеида |Жан Фуше |- |Кирсти Мичел |Ребека Хар |- |Ричард Е. Грант |Сајферт |- |Михаил Горевој |адвокатот Ливитин |- |Јуриј Колокољников |Иван

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски акциони филмови