Полжави во црепна — традиционално јадење од полжави приготвено на стар начин во црепна.
Рецепт Полжавите се вадат од оклопите, се чистат и мијат, па се посолуваат и се посипуваат со пченкарно брашно. Без употреба на никаква маснотија се редат во загреана црепна чие дно е исто така посипано со малку пченкарно брашно.
Вид на јадењето Полжавите заедно со рибите спаѓаат во категоријата на „посни меса“ и како посна храна се готвеле најмногу „во пости“ или празници во кои според христијанската вера било дозволено да се јаде само овој вид посни меса.
Наводи
Категорија:Македонска кујна Категорија:Јадења