Тенапанор е лек кој се користи кај возрасни во третманот на синдром на иритабилни црева со констипација. Се користи во форма на тенапанор хидрохлорид. Исто така се користи во третманот на хиперфосфатемија поврзана со хронична бубрежна болест. Тенапанор е инхибитор на натриум протонскиот разменувач 3 (NHE3).

Тенапанор е лек развиен од Ardelyx, кој делува како инхибитор на натриум-протонскиот разменувач NHE3. Овој антипортер протеин го има во бубрезите и цревата, и го регулира нивото на натриум апсорбиран и секретиран од телото. Кога се администрира орално, тенапанор селективно ја инхибира апсорпцијата на натриум во цревата, а со тоа го намалува и нивото на натриум во организмот. Ова може да го направи корисен во третманот на хронична бубрежна болест и хипертензија, кои се влошуваат при внес на големи количества на натриум со исхраната.

Бил одобрен за медицинска употреба во САД во септември. Американската Администрација за храна и лекови (FDA) го смета за прв во класата лек. Во октомври 2023, тенапанор бил одобрен од страна на FDA за третман на хиперфосфатемија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лекови кои делуваат на гастроинтестиналниот систем и метаболизмот