Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола – еден од факултетите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Историја

Факултетот е нова единица на Битолскиот универзитет и е создадена во 2014 година, со посебен Закон за основање на Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (Сл. весник бр. 187/30.12.2013). Со него се предвидува, факултетот да врши високообразовна дејност како додипломски, последипломски и докторски студии, како и научно-истражувачка и применувачка дејност од научните полиња информатика и компјутерска техника и информатика. Со отворањето на оваа високообразовна единица во составот на УКЛО се етаблира факултет комплетно фокусиран на едукација на информатички кадар.

Наставен кадар

Денес наставниот кадар на ФИКТ го сочинуваат, 20 редовни професори, 1 вонреден професор и 3 асистенти.

Просторни можности

Лабораторија за бази на податоци, програмски технологии и е-учење Лабораторија за организација на компјутерски системи и компјутерски мрежи Лабораторија за виртуелно инженерство и апликации Лабораторијата за развој на идни вештини и старт-ап бизниси

Студиски програми прв циклус

Информатички науки и комуникациско инженерство (ИНКИ) Информатика и компјутерска техника (ИКТ) Computer science and Computer engineering (CSCE)

Студиски програми втор циклус

Информатички науки и комуникациско инженерство Информатика и компјутерска техника ИТ менаџмент Наука за податоци и вештачка интелигенција Сајбер безбедност и компјутерски системи Информациски и компјутерски науки Софтверско инженерство

Студиски програми трет циклус

Информатички науки и компјутерско инженерство ИТ менаџмент

Наводи

Категорија:Појавено во 2014 година во Македонија Категорија:Факултети во Битола