мини|220x220пкс| Памучно стапче Памучни стапчиња или стапчиња за уши — мали парчиња памук намотани околу кратко степче изработено од дрво, свиткана хартија или пластика. Најчесто се користат за чистење на уши, иако лекарите не ја препорачуваат таа употреба. Останатите намени на памучните стапчиња вклучуваат: прва помош, нанесување козметика, чистење, грижа за доенчиња и изработка на ракотворби. Во некои земји, пластичните варијанти се забранети поради загадувањето на морињата, па се преферираат биоразградливи алтернативи.

Историја мини|Пакување од 54 памучни стапчиња Првите масовно произведени памучни стапчиња биле развиени во 1923 година од Лео Герстенцанг, откако ја гледал својата сопруга како намотува памук на чепкалки за заби за да ги исчисти ушите на нивното бебе. Производот најпрво бил наречен „Бејби Гејс“ како признание дека е наменет за доенчиња, пред да биде преименуван во „Кју-типс Бејби Гејс“ (анг. Q-tips Baby Gays), каде што „Q“ означува „квалитет“. Производот на крајот станал познат како „Q-tips“, што подоцна станало најпродаваната марка на памучни стапчиња во Северна Америка. Изразот „Q-tip“ се користи како генерички заштитен знак за памучните стапчиња во Соединетите Американски Држави и Канада.

Опис Традиционалното памучно стапче има едно врвче на дрвена рачка и сè уште често се користи, особено во медицински услови. Обично е релативно долго, околу 10 см. Памучните стапчиња се пакуваат стерилно. Предноста на хартиеното пакување и дрвената рачка е тоа што пакувањето може да се стерилизира во стерилизатор, додека пластичните рачки би се стопиле во тој процес.

Памучните стапчиња за домашна употреба се обично пократки, околу 6.4 см долги и со двоен врв. Стапчињата прво биле направени од дрво, а потоа од намотана хартија, што е сè уште најчеста (иако се користи и цевчеста пластика). Тие често се продаваат во големи количини, 100 или повеќе во кутија.

Употреба десно|мини| Влажна ушна маст на памучно стапче Најчеста употреба на памучните стапчиња е чистење на ушниот канал со отстранување на ушната маст. Оваа употреба најчесто е спротивна на упатствата од производителите. Памучните стапчиња исто така се користат за козметички цели, како нанесување и отстранување шминка или поправка на лак за нокти, како и за домашни потреби, вклучувајќи чистење и изработка на уметнички и ракотворечки предмети.

Медицинскиот тип памучни стапчиња најчесто се користат за земање микробиолошки брисеви. Стапчето се трие на или во заразената област, а потоа се преминува преку културна подлога, како што е агар плоча, каде што бактериите од брисот можат да се размножуваат. Исто така, се користат за земање примероци на ДНК, најчесто со стружење на клетки од внатрешноста на образот кај луѓето. Можат да се користат и за нанесување на лекови на одредена целна површина, за селективно отстранување на супстанции од некоја област, или за нанесување средства за дезинфекција, како на пример бетадин. Се користат и како апликатори за козметички производи, масти и други супстанции.

Памучните брисеви често се користат и надвор од полето на лична хигиена:

Често се користат во изработката на пластични комплети модели, за различни намени при нанесување на налепници или боење. За оваа намена постојат специјални марки на памучни стапчиња, кои се карактеризираат со поцврсти памучни глави и разновидни форми на тие глави. Можат да се користат во динов тест за мерење на површинската енергија. Оваа употреба е дискутабилна, бидејќи производителите се разликуваат во врзивните средства што ги користат за фиксирање на памукот на стапчето, што влијае на исходот од тестот. Често се користат за чистење на ласерската диодна леќа на оптичкиот уред заедно со алкохол за чистење. Слично, се користат за чистење на поголеми компјутерски делови како што се видео картички и вентилатори. Тие исто така беа широко користени во минатото за чистење на кертриџи за видео игри.

Улога во медицинска дијагностика Важноста на технологијата за земање брисеви во медицинската дијагностика е огромна. Брисевите се примарна алатка за собирање примероци од пациенти, од витално значење за прецизно откривање на патогени, земање примероци од ДНК и дијагностицирање на болести. Прецизната природа на колекцијата и квалитетот на брисот се од клучно значење за обезбедување сигурни резултати од тестот.

Назофарингеални брисеви се користат за откривање на респираторни вируси, за ефикасно собирање на ДНК-материјал, како и за проценка на присуство на микробна инфекција во контекст на стерилност и спречување на контаминација.

Медицински ризици мини|Памучни стапчиња во тркалезен сад Користењето памучни стапчиња во ушниот канал нема никакви докажани медицински придобивки и носи извесни медицински ризици. Церуменот (ушната маст) е природен производ што нормално се излачува од надворешниот слушен канал и ја штити кожата во внатрешноста на увото. Тој служи за подмачкување и самоочистување на ушниот канал, како и за заштита од бактерии, габи, инсекти и вода.

Обидите за отстранување на церуменот со памучни стапчиња можат да доведат до негово натрупување или блокада во ушниот канал, позната како импакција на церумен. Оваа состојба може да предизвика болка, нарушувања во слухот, зуење во ушите или вртоглавица и често бара медицинска интервенција за решавање Користењето памучни стапчиња во ушниот канал е една од најчестите причини за перфорација на тапанчето, состојба која понекогаш бара хируршка интервенција за корекција.

Студија од 2004 година утврдила дека „користењето памучни стапчиња за чистење на увото изгледа е главната причина за отитис екстерна (инфекција на надворешното уво) кај децата и треба да се избегнува. Наместо тоа, бришењето на ушната маст од надворешниот дел на увото со крпа по туширање речиси целосно ја чисти надворешната третина од ушниот канал, каде што се создава ушната маст. Во Соединетите Американски Држави, во периодот од 1990 до 2010 година, се проценува дека 263.338 деца биле пренесени во болнички итни центри поради повреди предизвикани од памучни стапчиња, што одговара на проценет годишен број од 13.167 хоспитализации на деца.

Влијание врз животна средина Пластичните памучни стапчиња често се фрлаат во тоалетот, што го зголемува ризикот од загадување на морската средина. Некои производители и продавници престанале со производство и продажба на пластични стапчиња и сега нудат само биоразградливи верзии направени од хартија.

Европската Унија донела забрана за употреба на памучни стапчиња со пластични рачки во 2021 година. Италија претходно вовела забрана во 2019 година , а Монако во 2020 година. Англија, Шкотска, Велс, и Островот Ман вовеле забрана помеѓу 2019 и 2021 година.

Наводи

Категорија:Полски пронајдоци Категорија:Производи за лична хигиена Категорија:Памук Категорија:Американски пронајдоци Категорија:Рециклирање Категорија:Биоразградување Категорија:Хигиена Категорија:Козметика Категорија:Брис Категорија:Медицина Категорија:Микробиологија Категорија:Еднократна употреба Категорија:Отпад