Отпад со висока концентрација (скр. ОСК) — вид на радиоактивен отпад создаден со преработка на потрошено јадрено гориво. Постои во две главни форми:
Прв и втор циклус рафинат и други текови на отпад создадени со јадрена преработка. Отпад формиран со застаклување од течен отпад со висока концентрација.
Течниот отпад со висока концентрација обично се чува привремено во подземни резервоари додека не се изврши застаклување.
Поголемиот дел од отпадот со висока концентрација создаден од Проектот „Менхетн“ и програмите за оружје од Студената војна постои во оваа форма бидејќи финансирањето за понатамошна обработка обично не било дел од оригиналните програми за оружје. И потрошеното јадрено гориво и застаклениот отпад се сметаат како соодветни форми за долгорочно отстранување, по период на привремено складирање во случај на потрошено јадрено гориво или нивното складирае и отстарнување бара специфичен, научен и исклучително внимателен пристап. Тоа е и своевидна научна дисципкина со оглед дека станува збор за долгиот период на распаѓање на радиоактивниот отпад и големата опасност од зрачењето што го испуштат овие материјали.High-Level Waste
ОСК содржи многу од производите на фисија и трансуранските елементи, генерирани во јадрото на реакторите и е вид на јадрен отпад со највисока опасност и трајна активност. ОСК учествува со над 95% во вкупната радиоактивност произведена во процесот на јадрена енергија. Со други зборови, додека поголемиот дел од јадрениот отпад е отпад со ниско и средно ниво на зрачење, како што се заштитна облека и опрема што се контаминирани со зрачење, поголемиот дел од „радиоактивноста“ произведена од процесот на производство на јадрена енергија доаѓа од отпад со високо ниво на зрачење.
Некои земји, особено Франција, го преработуваат комерцијалното потрошеното јадрено гориво.
Отпадот со високо ниво на зрачење е многу радиоактивен и затоа бара посебна заштита за време на ракувањето и транспортот. Првично, му е потребно и ладење, бидејќи генерира многу топлина. Поголемиот дел од топлината, барем откако краткотрајните нуклиди ќе се распаднат, е од среднотрајните производи на фисија цезиум-137 и стронциум-90, кои имаат полуживот од околу 30 години.
Типичен голем јадрен реактор од 1000 мегавати произведува 25-30 тони потрошено гориво годишно. Ако горивото било репроцесирано и застаклувано, обемот на отпад би бил само околу три кубни метри годишно, но топлината на распаѓање би била речиси иста.High-Level Radioactive Waste (HLRW)
Општо е прифатено дека конечниот отпад ќе се отстрани во длабоко геолошко складиште, а многу земји развиле планови за такво место, вклучувајќи ги Финска, Франција, Јапонија, САД и Шведска.
Високорадиоактивен отпад е високорадиоактивен отпаден материјал што произлегува од повторна обработка на потрошено јадрено гориво, вклучувајќи течен отпад произведен директно при повторна обработка и секој цврст материјал добиен од таков течен отпад што содржи производи од фисија во доволни концентрации; и друг високорадиоактивен материјал за кој е утврдено, во согласност со постојниот закон, дека бара трајна изолација.
Потрошено (искористено) гориво од реактор.
Потрошеното јадрено гориво е искористено гориво од реактор кое повеќе не е ефикасно во создавањето електрична енергија, бидејќи неговиот процес на фисија е забавен поради натрупување на отрови од реакција. Сепак, сè уште е термички високо радиоактивно и потенцијално штетно.
Отпадни материјали од повторна преработка. Материјалите за јадрено оружје се добиваат со повторна обработка потрошено јадрено гориво од реактор за размножување. Повторната обработка е метод на хемиски третман на потрошеното гориво за да се одделат ураниумот и плутониумот. Нуспроизвод од повторната обработка е високо радиоактивен остаток.
Складирање
Отпадот со високо ниво на радиоактивност се складира 10 или 20 години во базени за потрошено гориво, а потоа може да се стави во метални бункери во објекти наменети за складирање.
Во 1997 година, во 20-те земји кои сочинуваат најголем дел од производството на јадрена енергија во светот, капацитетот за складирање на потрошено гориво во реакторите изнесувал 148.000 тони, од кои 59% биле искористени. Капацитетот за складирање надвор од реакторот бил 78.000 тони, со искористени 44%.The Management of High-Level Radioactive Wastes
Поврзано Радиоактивен отпад Наводи
Користена литература Fentiman, Audeen W. and James H. Saling. Radioactive Waste Management. New York: Taylor & Francis, 2002. Second ed. Large, John H. Risks and Hazards arising the Transportation of Irradiated Fuel and Nuclear Materials in the United Kingdom R3144-A1, March 2006
Надворешни врски NRC Backgrounder on Radioactive Waste
Категорија:Радиоактивен отпад