Општина Горно Количани, именувана и како Месен народен одбор Горно Количани ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.
Историја 1913-1915 Општина Горно Количани за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Пагаруша и Црвена Вода. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.
1915-1918 Општина Горно Количани продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Горно Количани продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Пагаруша, Умово и Црвена Вода.
1945-1955 Месниот народен одбор Горно Количани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Горно Количани, Калдирец, и Црвена Вода. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Горно Количани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Драчевица со неговото село Драчевица. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Горно Количани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Долно Количани со неговите села Алдинци, Долно Количани, и Пагаруша. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Горно Количани продолжила да постои и да ги опфаќа истите седум населени места. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Горно Количани била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Драчево.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Ракотинци имала 2,896 жители, односно вкупното население на Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Пагаруша и Црвена Вода.
Според пописот од 1921 година, Општина Горно Количани имала 2,559 жители. Според верската припадност, 17 биле православни, додека 2,542 биле муслимани. Според јазичната припадност, 17 биле Срби/Хрвати, 1,414 биле Албанци, 1,111 биле Турци, додека 17 биле останато и непознато.
Според пописот од 1931 година, Општина Горно Количани имала 3,538 жители, од кои 1,762 биле мажи, а 1,776 биле жени. Општината се состоела од 579 куќи и 579 домаќинства.
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Горно Количани имал 1,861 жител, односно вкупното население на Горно Количани, Драчевица, Калдирец, и Црвена Вода. Сите жители биле Албанци.
Според пописот од 1953 година, Општина Горно Количани имала 3,753 жители, односно вкупното население на Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Калдирец, Пагаруша и Црвена Вода.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година: Народност Вкупно Македонци 5Албанци 1,116Турци 2,615Роми 12Неопределени Југословени 4Останати несловени 1
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)
Забелешки
Наводи
Горно Количани Горно Количани Горно Количани Горно Количани Категорија:Драчевска Околија Категорија:Скопска Околија