мини|Ноќви од првичен вид, Музеј Семберија во Бијељина. Ноќви (само множина) – дрвена направа за месење и чување леб. Ноќвите се еден многубројните покуќнински предмети кои се користеле до средината на 20 век.

Потекло на поимот Зборот ноќви потекнува од прасловенскиот збор nъťьvy.

Опис и развој Ноќвите ги имало во повеќе облици, почнувајќи од наједноставниоот кој подоцна се усовршил и добил повеќекратна функција. Ноќвите се дрвен покуќнински предмет, кој во својот првичен облик во вид на дрвено корито се користел само за месење на леб. При месењето на лебот ноќвите ги поставувале на подот (земја) или ги подигнувале на столчиња. Подоцна овој едноставен облик бил усовршен и добил облик на сандак со високи ногарки. Сандакот има капак, а во внатрешноста има преграда која ноќвите ги дели на два дела. Во едниот дел се месел лебот, а во другиот се чувало брашно. Под самиот сандак можело да се наоѓа една отворена полица која се користела за оставање на разни предмети. Подоцна ноќвите целосно се затвораат и добиваат облик на сандак со капак и ниски ногарки. Во основа, овој е поусовршен и ги содржи сите елементи од наједноставните со додавање на нови, задржувајќи ја основната функција, месење па леб и чување на брашно.

Наводи

Категорија:Покуќнина Категорија:Етнологија Категорија:Дрводелство