мини|256x256пкс|Играчки лик од играта Legend of Grimrock Играчки лик () или скратено PC — измислен лик во видеоигра или друштвена игра со улоги, чии дејства се управувани од играчот, а не од правилата на играта. Ликовите што не се управувани од играч се нарекуваат неиграчки ликови (NPC). Дејствата на неиграчките ликови обично се управуваат од самата игра во видеоигрите, или според правила што ги следи играчкиот мајстор (судија) во друштвените игри со улоги. Играчкиот лик работи како измислено, алтернативно тело за играчот што го управува ликот.TSR Hobbies, Understanding Dungeons & Dragons, 1979. Quoted in Gary Alan Fine, Shared Fantasy: Role-Playing Games as Social Worlds (Chicago: U Chicago Press, 1983)
Видеоигрите обично имаат по еден играчки лик за секој играч. Некои игри, како што се повеќеиграчките арени, херојските пукачки игри и борбените игри, нудат група играчки ликови од кои играчот може да избере, дозволувајќи му да управува еден од нив истовремено. Кога се достапни повеќе играчки ликови, тие можат да имаат карактеристични способности и различни стилови на игра.
Олицетворение на играчките ликови Во зависност од жанрот на видеоиграта, играчот може да управува еден или повеќе ликови.
Повеќето компјутерски игри со силна приказна, насочени кон едноиграчка игра, му нудат на играчот само еден играчки лик што има однапред зададени способности, изглед, карактер, однесување и доделена улога во приказната. Во овие игри главно спаѓаат пукачките игри (шутери), игрите со улоги и игрите за потрага. Играчот, по правило, управува еден играчки лик што игра клучна улога во заплетот на играта, и го „води“ строго по однапред создадена приказна и ситуации.
Други игри, напротив, му дозволуваат, па дури и го принудуваат играчот да користи многу ликови. Овие игри вклучуваат разни борбени игри и спортски симулатори. Во борбените игри, секој играчки лик има свои посебни одлики и способности што ги немаат другите ликови. Задачите пред играчот често го принудуваат да користи неколку играчки ликови, избирајќи ги за секоја конкретна ситуација.
Еден од главните разликувачки елементи на игрите во жанрот тактички шутер е заедничката работа: играчот управува еден играчки лик што е дел од екипа од други ликови управувани од сметачот. И покрај ова, играчот може да дава некои општи заповеди на неиграчките ликови. Ваквите дејства често вклучуваат наредби за движење кон положба, одбрана на положба, напад на положба, движење по играчкиот лик итн. Типичен пример за такви игри е серијата SWAT.
Во некои акциони игри, вклучувајќи ги и тактичките шутери, играчот управува еден лик и напредува низ играта заедно со одред од компјутерски управувани ликови. Меѓутоа, играчот може во секој миг да го „напушти“ својот лик и да преземе управување над некој друг лик од неговиот одред. Сметачот, соодветно, ќе му овозможи на играчот да го управува тој лик и ќе го преземе под свое управување ликот што бил напуштен од играчот. Во овие игри спаѓаат некои игри од серијата Tom Clancy’s Ghost Recon и Clive Barker's Jericho.
Поврзано
Неиграчки лик
Наводи
Категорија:Терминологија за видеоигри