Стара Брезовица (поранешни имиња Брезовица и Српска Брезовица) е населено место во градот Врање, Пчињски Управен Округ, Србија. Според пописот од 2022 година имало 30 жители.Сите места: Пописи 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2002, 2011, 2022 pop-stat.mashke.org Селото основале во крајот на XVIII век родови од Кумановско и Тиквешко или Кочанско. Брезовица била едно село до 1878 година кога е разделена со српско-турската граница на Стара Брезовица (Кнежевство Србија) и Нова Брезовица (Отоманско Царство). Од тогаш се води како посебна населба.

Поврзано Нова Брезовица Врање Пчињски Управен Округ Јужна Србија

Наводи

Категорија:Населени места во Врање Категорија:Населени места во Јужна Србија Категорија:Населени места во Вардарска Македонија