Карел Питерс Фабрициус (27 февруари 1622 – 12 октомври 1654) — холандски сликар кој бил ученик на Рембрант и работел во неговото студио во Амстердам. Фабрициус, кој бил член на Делфтската школа, развил свој уметнички стил и експериментирал со перспектива и осветлување. Меѓу неговите дела се „Поглед кон Делфт“ (1652; Национална галерија, Лондон), „Билбилчето“ (1654) и „Стражарот“ (1654).
Фабрициус починал млад, зафатен од експлозијата на магацинот за барут во Делфт на 12 октомври 1654 година, која уништила една четвртина од градот, заедно со неговото студио и многу од неговите слики. Само околу десетина од неговите слики биле зачувани. Според Хаубракен, неговиот ученик Матијас Спорс и црковниот ѓакон Сајмон Декер починале со него, бидејќи во тоа време работеле заедно на слика.Karel Fabricius biography in De groote schouburgh der Nederlantsche konstschilders en schilderessen (1718) by Arnold Houbraken, courtesy of the Digital library for Dutch literature
Галерија
Список на дела
околу 1640 г. - Обезглавувањето на Јован Крстител, масло на платно, 149 x 121 см, Државен музеј, Амстердам 1643 г. - Воскресението на Лазар, масло на платно, Национален музеј, Варшава 1643 г. - Хера се крие за време на битката меѓу боговите и џиновите, масло на платно, Пушкински музеј, Москва 1643/45 г. - Агар и ангелот, масло на платно, 157,5 x 136 см, Колекција Лајден Њујорк околу 1644 г. - Портрет на седечка жена со марамче, Уметничка галерија на Онтарио, Торонто околу 1645 г. - Автопортрет, масло на панел, 65 x 49 cm, музеј Бојманс Ван Беунинген, Ротердам 1645–47 г. - Меркур и Аглаурос масло на платно, 72,4 x 91,1 см, Музеј на ликовни уметности во Бостон 1646–1651 г. - Девојка со метла, масло на платно, 107,3 x 91,4 см, потпишано како Рембрант, Национална галерија на уметности, Вашингтон 1649 г. - Портрет на Авраам де Потер, масло на платно, 68,5 x 57 cm, Ријксмузеј, Амстердам 1652 г. - Поглед на Делфт, со тезга на продавач на музички инструменти, масло на платно на панел, 15,4 x 31,6 см, Национална галерија на Лондон 1654 г. - Билбилчето, масло на панел, Маврициус Хаг 1654 г. - Стражарот, масло на платно, 68 x 58 см, Музеј Штаатличе Шверин 1654 г. - Млад човек со крзнена капа, масло на платно, 70,5 x 61,5 см, Национална галерија Лондон (веројатно автопортрет).
Наводи
Надворешни врски
Карел Фабривиус во Артциклопедија Делата и литературата за Карел Фабрициус Вермер и Делфтската школа, каталог на изложба со целосен текст од Метрополитен музејот на уметност, кој вклучува материјал за Карел Фабрициус. Категорија:Сликари од златното време на Холандија Категорија:Починати во 1654 година Категорија:Родени во 1622 година