Во религијата, хетеродоксија или иноверие (од старогрчкиот: , + , ) значи „сите мислења или доктрини што се спротивни на официјалната или ортодоксна позиција“."orthodoxy." WordNet. US: Princeton University.

Хетеродоксија е исто така црковен жаргонски термин, дефиниран на различни начини од различни религии и цркви. На пример, во некои групи, хетеродоксијата може да ги опише верувањата што се разликуваат од строго ортодоксните ставови, но кои не се ниту формален ниту материјален вид на ерес.

Христијанство

Источно православие Во рамките на Источната православна црква, терминот се користи првенствено во однос на христијанските цркви и деноминации кои не припаѓаат на заедницата на Источните православни цркви и кои застапуваат доктрини спротивни на прифатеното Свето предание.Pomazansky, Michael. 1994. Orthodox Dogmatic Theology, translated by S. Rose. Platina, California: St. Herman of Alaska Brotherhood. pp. 243–246.

Протестантизам Чарлс Спурџен изјавил:[Ќе] најдете духовен живот во секоја црква. Знам дека фанатикот верува дека сите вистински побожни луѓе припаѓаат на деноминацијата што тој ја краси. Окртодоксија е мојата доксија; хетеродоксија е доксијата на некој друг кој не се согласува со мене.Spurgeon, Charles H. 1871. The Metropolitan Tabernacle Pulpit Sermons 17. London: Passmore & Alabaster. p. 449.

Ислам Арапскиот збор го користат шиитските муслимани за да ги опишат верувања што се сметаат за екстремно хетеродоксни (терминот има сличности со христијанската употреба на зборот „ерес“). Особено, терминот се користи за да се опишат верувањата на малцинските муслимански групи кои им припишуваат божествени карактеристики на член од семејството на Мухамед (особено на Али) или на раните придружници на Пророкот, како што е Салман Персиецот. Претпоставката е дека групите опишани на овој начин отишле предалеку и почнале да ги поврзуваат со Бога ().

Хиндуизам Главните школи на индиската филозофија кои ја отфрлаат апсолутноста на Ведите, вклучувајќи ги будизмот и џаинизмот, биле сметани за хетеродоксни од страна на хиндуизмот. Во 2015 година, Врховниот суд на Индија пресудил дека хиндуизмот не може да се стесни на одредени верувања или доктрини, велејќи дека тој „ги вклучува сите форми на верување без да налага избор или елиминирање на кое било единствено верување“.

Кина Кон крајот на 1999 година, во Кина бил донесен закон со кој се забранувле „хетеродоксните религии“. Ова било применето ретроактивно на Фалун Гонг, духовна практика воведена за јавноста во Кина од Ли Хонгџи () во 1992 година.Statement of Professor David Ownby. Unofficial Religions in China: Beyond the Party's Rules. 2005. .

Наводи

За понатамошно читање

Категорија:Верски учења и доктрини Категорија:Христијански поими