мини|330x330пкс| Руска православна икона на Преображението (Теофан Гркот, г.) Христијански мистицизам — традиција на мистични практики и мистична теологија во рамките на христијанството која „се однесува на подготовката [на личноста] за, свеста за и ефектот од [...] директно и трансформативно присуство на Бога“ или божествена љубов. До шестиот век, практиката на она што денес се нарекува мистицизам се нарекувало contemplatio или theoria.Andrew Louth, "Theology of the Philokalia" in Abba: The Tradition of Orthodoxy in the West (St Vladimir's Seminary Press 2003 ), p. 358 „гледање во“ или „свесност за“ Бога или божественото.William Johnson, The Inner Eye of Love: Mysticism and Religion (HarperCollins 1997 ), p. 24 Христијанството ја прифатило употребата и на грчката (theoria) и на латинската (contemplatio, контемплација) терминологија за опишување на различни форми на молитва и процесот на запознавање на Бога.
Контемплативните практики се движат од едноставна молитвена медитација на Светото Писмо (т.е. Lectio Divina) до контемплација за присуството Божјо, што резултира со теоза (духовно соединување со Бога) и екстатични визии за мистичното соединување на душата со Бога. Во контемплативната пракса се разликуваат три фази, имено катарза (прочистување), самата контемплација и визија на Бога.
Контемплативните практики имаат истакнато место во Источното православие и Ориенталното православие и добиле обновен интерес за западното христијанство. мини| Мистичен брак на Христос и Црквата
Потекло Идејата за мистични реалности била широко прифатена во христијанството уште од вториот век од н.е., и се однесувала не само на духовните практики, туку и на верувањето дека обредите, па дури и светите списи, имаат скриени („мистични“) значења.
Врската помеѓу мистицизмот и визијата за божественото ја вовеле раните црковни отци, кои го користеле терминот како придавка, како во изразите мистичната теологија и мистична контемплација.
Во подоцнежните векови, особено кога христијанската апологетика почнала да се потпира на старогрчката филозофија за да ги објасни христијанските идеи, неоплатонизмот извршил влијание врз христијанската мистична мисла и практика преку повеќе значајни автори вклучувајќи ги Свети Августин и Ориген.
Наводи
Извори
Надворешни врски
Општо Енциклопедија Британика: Христијански мистицизам Евелин Андерхил: Христијански мистицизам: Студија за природата и развојот на духовната свест Христијански мистици: Онлајн библиотека на христијански мистицизам: Актуелни теми и јавни книги Христијански мистицизам - објава за реализацијата и свеста на христијанското просветителство
Во старогрчката философија Аристотел: Зошто контемплативниот живот е најсреќен (Никомахејска етика 10.7). Англиски и грчки.
Во православието Разлики помеѓу православието и другите религии Источно православие – ГОА Источно православие – OCA Борбата на Григориј Палама за Видението Божјо Теорија, Таборска светлина како визија Што е човечкиот ум? од Џон Романидес
Во католицизмот
Игнатиј Лојола, Размислување за стекнување љубов кон Бога. Од духовните вежби на Игнатиј Лојола.
Централна молитва Contemplative Outreach
Молитва на тишина
Молитва за тишина во Католичката енциклопедија Бесплатна е-книга и аудио книга за Метју Хенри - Метод за молитва, издание од 1710 година
Категорија:Христијански поими Категорија:Католички учења и доктрини Категорија:Православна теологија Категорија:Исихазам Категорија:Христијански молитви Категорија:Христијански мистицизам Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“