„Монсињор Кихоте“ (англиски: Monsigjor Quixote) — роман на англискиот писател Греам Грин од 1982 година.
Содржина Романот се состои од два дела, со вкупно 14 глави:Graham Greene, Monsinjor Quijote. Znanje, Zagreb, 1983. Прв дел Како отец Кихоте стана монсињор Како монсињор Кихоте замина на своите патувања Како одредена светлост се прелеа на Светото Тројство Како Санчо, кога на него дојде редот, фрли нова светлост на една стара вера Како монсињор Кихоте и Санчо посетија едно свето место Како монсињор Кихоте и Санчо посетија уште едно свето место Како монсињор Кихоте ги продолжи своите студии во Саламанка Како монсињор Кихоте имаше чудна средба во Ваљадолид Како монсињор Кихоте виде чудна глетка Како монсињор Кихоте се соочи со правдата
Втор дел Монсињор Кихоте му се спротивставува на бискупот Второто патување на монсињор Кихоте Како монсињор Кихоте ја доживеа својата последна авантура меѓу Мексиканците Како монсињор Кихоте му се придружи на својот предок
Сиже Прв дел (1-10 глава) Отец Кихоте е свештеник во селото Ел Тобосо, во близината на Валенсија. Тој се смета за потомок на славниот дон Кихоте, а својот стар автомобил го нарекува Росинанте, според коњот на дон Кихоте. Еден ден, тој му помага на еден италијански бискуп, кој се соочува со дефект на автомобилот. По неколку недели, папата испраќа писмо со кое отец Кихоте е унапреден во чинот монсињор. Тогаш, отец Кихоте бара одмор, а како негова замена, по налог на бискупот, во селото доаѓа отец Херера. Истовремено, градоначалникот на Ел Тобосо (единствениот пријател на отец Кихоте) претрпува пораз на месните избори. Така, отец Кихоте и градоначалникот (кого отецот го нарекува Санчо) заедно заминуваат на пат со автомобилот на отецот. Тие најпрвин одат во Мадрид, а оттаму се упатуваат кон Саламанка, каде го посетуваат гробот на писателот Унамуно, кој му бил професор на Санчо. Таму, тие преспиваат во бордел, а наивниот отец Кихоте е убеден дека тоа е хотел. Оттаму, тие заминуваат во Ваљадолид, а патем, по препорака на Санчо (кој е комунист), отец Кихоте го чита Комунистичкиот манифест. Во градот, нив ги следи непознат човек за кого Санчо е убеден дека е таен агент, но се работи за обичен граѓанин кого отец Кихоте го исповеда во тоалетот на една кафеана. Исто така, Санчо и отец Кихоте влегуваат во кино, каде се прикажува порнографски филм, а наивниот отец (кој никогаш во животот не бил на кино) повторно не може да го сфати својот престап. Сепак, филмот го наведува да почне да размислува за своите чувства. Најпосле, за време на престојот во Ваљадолид, отец Кихоте за првпат во животот пие тоник. Потоа, двајцата заминуваат во Леон, каде отец Кихоте крие еден ограбувач кого го брка полицијата. Кога телефонира дома, отецот дознава дека го бара полицијата и дека бискупот сака да го прогласи за луд. Тогаш, за време на еден мал попатен одмор, отец Кихоте исчезнува.Graham Greene, Monsinjor Quijote. Znanje, Zagreb, 1983, стр. 9-164.
Втор дел (1-4 глава) Отец Кихоте се буди дома и дознава дека бил грабнат од отец Херера, кој работи по налог на бискупот, а поради полициските извештаи за постапките на отецот. Утредента, него го посетува бискупот кому отец Кихоте му се спротивставува. Затоа, бискупот го држи отец Кихоте во домашен притвор, но доаѓа Санчо и го спасува при што тие заминуваат на своето второ патување. За да ја избегнат полицијата, тие се движат само по селските патишта. Во едно село во Галисија, тие пијат одлично вино, а отец Кихоте ја прекинува црковната процесија во која селаните лепат пари на кипот на Богородица. Разбеснетата толпа го брка отецот, но градоначалникот го спасува во последен миг. Тие се упатуваат кон манастирот Осера, но пред манастирската порта, полицијата пука во гумите на нивниот автомобил, кој удира во ѕидот на манастирот при што отец Кихоте и Санчо се повредени. Калуѓерите одбиваат да ги предадат на полицијата и двајцата патници ги задржуваат во манастирот. Како последица на повредата на главата, отец Кихоте запаѓа во делириум и во таква состојба држи миса во манастирската црква, но додека го причестува градоначалникот, тој наеднаш умира. Утредента, Санчо заминува во Португалија, а телото на отец Кихоте треба да биде пренесено во неговото село.Graham Greene, Monsinjor Quijote. Znanje, Zagreb, 1983, стр. 165-245.
За делото Романот е посветен на другарите на авторот за време на неговите патувања низ Шпанија: отец Леополд Дуран, Аурелија Верде, Октавија Викторија и Мигел Фернандес, како и на Том Барнс, кој го поттикнал авторот за неговата прва посета на Шпанија во 1946 година.Graham Greene, Monsinjor Quijote. Znanje, Zagreb, 1983, стр. 7.
Наводи
Категорија:Дела на Греам Грин Категорија:Англиски романи Категорија:Романи на англиски јазик Категорија:Книги од 1982 година