Месен народен одбор Казандол ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Историја Месниот народен одбор Казандол бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негово составно населено место било Казандол. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Казандол останал територијално непроменет. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Казандол бил укинат на сметка на соседната и обновена Општина Дедели.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Казандол имал 1,075 жители, односно вкупното население на Казандол. Од таа бројка, 1,074 биле Турци, додека 1 бил Македонец.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Казандол Казандол Казандол Категорија:Валандовска Околија Категорија:Гевгелиска Околија