„Двајца хусари““ — расказ на рускиот писател Лав Толстој од 1856 година.

Сиже Дејствието на расказот се одвива во првата половина на 19 век. Во еден град се одржува собир на спахиите. Во градот пристига кнезот Фјодор Турбин, кој ги има потрошено сите пари, но веднаш се запознава со месните комарџии. Потоа, тој присуствува на еден бал, каде остава голем впечаток со своите манири и со вештото танцување при што успева да ја заведе вдовицата Ана Фјодоровна. Од балот, тој заминува во една крчма, каде се весели во придружба на циганска музика. По враќањето во хотелот, кнезот го затекнува очајниот офицер Иљин, кој на комар изгубил голем износ државни пари. Турбин оди кај спахијата Лухнов и му ги враќа парите на Иљин, а потоа го напушта градот.Лав Толстој, Мећава и друге приповетке. Народна просвета, Београд, 1933, стр. 55-102.

Дваесет години подоцна, грофот Фјодор Турбин е одамна мртов (погинал во двобој). Неговиот син, исто така е хусарски офицер, но тој е образован, морален и чесен. Во мај 1848 година, младиот Турбин со својата чета минува низ селото Морозовка во кое живее вдовицата Ана Фјодоровна со својата убава ќерка Лиза. Ана ги кани двајцата хусарски офицери (Турбин и неговиот помошник Полозов) да преноќат во нејзиниот дом, а Лиза ги привлекува двајцата хусари. Ноќта, Лиза размислува за својот живот и заспива крај прозорецот, а Турбин ја исплашува допирајќи ја по раката по што бега во паркот. Подоцна, тој му раскажува на Полозов за случката, а тој собира храброст и го нарекува подлец. изутрината, двајцата хусари ја напуштаат куќата без да се поздрават со домаќините, а подоцна закажуваат двобој кој, сепак, не се одржува.Лав Толстој, Мећава и друге приповетке. Народна просвета, Београд, 1933, стр. 102-144.

Наводи

Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази