По неуспешниот штрајк против Скопското педагошко училиште во септември 1899 година, македонскиот социјалист и револуционер Александар Мартулков ја започнал неговата агитаторска одисеја. Неговото патување траело од втората половина на септември сѐ до 6 декември 1899 година, кога се вратил во неговиот мајчин град Велес преку воз од Гевгелија. Според денешната општинска поделба на Македонија, Мартулков патувал низ Општина Велес, Општина Градско, Општина Неготино, Општина Демир Капија, Општина Кавадарци, Општина Валандово, Општина Струмица, Општина Босилово и Општина Гевгелија. Главната цел на неговата одисеја била да го прошири социјализмот меѓу македонските работници и револуционери. Истовремено ја организирал одисејата со намера да го спречи влијанието на врховизмот и развитокот на конзервативната струја во Македонската револуционерна организација.

Во неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“ Мартулков наведува повеќе податоци за неговото патување. При неговото патување тој ги употребил тајните патишта направени од Македонската револуционерна организација без нивна дозвола. За време на неговото патување тој бил делумно придружен со некои од неговите другари кои ги запознал во Скопското педагошко училиште. За време на неговото патување тој поминал различни значајни историски места и села. Меѓу нив најпознатите се Ваташа, Валандово, Струмица и Гевгелија.

При неговото патување се среќавал со претставници од бугарската пропаганда и грчката пропаганда во Македонија. Според Мартулков, Струмица и нејзината околија биле во смера на гркоманството. Сѐ вкупно неговата одисеја била успешна и различни трајни социјалистички одбори, комитети, работнички организации и социјалистички групи биле формирани под негово менторство. Неколку месеци после одисејата заедно со Никола Русински во 1900 година го ограбиле богатиот џорбаџи Хаџи Јован во Велес.

Вовед Неколку месеци пред неговата одисеја Мартулков организирал Штрајк против Скопското педагошко училиште. Идејата за штрајк никнала поради недостигот на храна во училишниот пансион. После 24 часа штрајкот бил задушен од училишниот одбор и директор. Како дел од компромизот условите биле подобрени за учениците но Мартулков бил прогонет од училиштето. Покрај забраната Мартулков сепак влегол во училишната канцеларија со намера да се противстави со одлуката. Директорот Вељан Думев свикал албански гаваз и го избрка од канцеларијата. Мартулков подоцна им пратил писмо каде што остро ја критикувал нивната одлука. Поради штрајкот и неговите социјалистички идеи Мартулков бил целосно забранет влез во сите училишта под склоп на Бугарската егзархија. Оваа забрана траела сѐ до Младотурската револуција.

Без осигурен пансион Мартулков немал доволно материјални и парични средства за неговиот престој во Скопје. Поради тоа живеел неколку дена во станот на македонскиот анархист Петар Манџуков. Различни ученици од педагошкото училиште го посетиле Мартулков со намера да изразат почин кон неговиот штрајк. После некое време Мартулков не можел да продолжи да живее во Скопје, поради тоа се вратил во неговиот мајчин град Велес. Тој отпрвин планирал да шверцува бугарски пасош за да работи во Софија како печалбар. Откако се врати во Велес Мартулков ноќевал во куќата на Димче Шурков, роднина на неговиот близок другар Јордан Шурков. Престојувал во работилницата на Васил Главинов заедно со Гоце Делчев. Поради неповолните услови и внатрешните тензии меѓу македонските социјалисти, после два месеца Мартулков се вратил во Велес. Пред да се врати во Велес го посетил Ќустендил.

Пат

Сфера на МРО

Во Велешко и Неготинско Поради различни политички услови и ставови Мартулков не бил задоволен со тогашното социјалистичко движење. Го сметал како нецелосно развиен поради недостигот на агитатори. Неговите агитаторски дејности ги вршел според неговата политичка програма за Македонската социјалистичка група. Според програмата Мартулков формирал кадри во различни региони. Со програмата Мартулков ја ширел идеалогијата за македонска независност со геслото „Македонија на Македонците“. Покрај истите цели за време на неговата одисеја Мартулков соработувал против Македонската револуционерна организација покрај тоа што им ги употребувал нивните тајни патишта. Покрај тоа што Македонската историографија го претставува Мартулков како значаен деец на МРО и подоцна ВМРО (Обединета), тој никогаш не се сметал себеси како дел од организацијата. Со овие ставови ја почнал неговата одисеја. Поради недостигот на материјални средства морал да ја врши одисејата пешачејќи. Почнал од Велес и патувал низ Велешкиот регион, го поминал значајното село Градско но не престојувал во него. мини|372x372пкс|Неготино во почеток на XX век. мини|372x372пкс|Кавадарци во минатото. мини|373x373пкс|Панорама од Валандово.За еден ден успеал да стигне до Кукуричани, но во неговите спомени Мартулков не сакајќи го измешал името со Кукуречани. Битолско. Според Васил К'нчов во неговата книга „Македонија. Етнографија и статистика“ во 1900 година селото имало 80 жители, сите македонски христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 153-154. Во селото престојувал во викендичката на Андон Шулев, социјалист и учесник во првомајските прослави во 1896 година заедно со Мартулков. Таму се запознал со претставници од семејството Весови, богати чифлигари од Велес. Престојувал неколку дена во Кукуричани и го продолжил неговиот пат кон Неготино. Градот Неготино е значаен град во Повардарие. К‘нчов наведува во неговата книга дека градот бил претежно составен од Македонци и Торбеши. Во Неготино Мартулков ноќувал во заеднички стан на неговите другари Владо Генџов од Велес, Никола Тупарев од Скопје и Пано Малчев од Штип.

Според сеќавањата на Мартулков во неговите спомени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“ секоја ноќ ученици кои биле член на МРО го посетува заедничкиот стан на Мартулков и неговите другари. Во Неготино забележал развиена жива револуционерна душа. Секоја ноќ Мартулков го ширел социјализмот меѓу младите ученици, тој истовремено го спречил ширењето на конзервативната струја на МРО и врховизмот. При неговиот престој главниот учител во градот Ѓорѓи Зердев од Прилеп му признал на Мартулков дека според наредбите од Централниот комитет на МРО морал да ја спречи неговата агитаторска одисеја. Поради тоа следниот ден почнал да патува кон Кавадарци.

Во Кавадаречко, Неготинско и Демиркаписко Следниот ден стигнал во Кавадарци. Во тоа време според К'нчов, градот бил претежно населен со Торбеши. Мартулков бил придружен со Владо Генџов. Гостувал во куќата на Никета Илиев, учител и велешки зет. Во куќата живеел и директорот на Кавадаречката прогимназија Христо Стојанов — Чолакот по потекло од Гевгелија. Вечерта истиот ден било одржано средба меѓу младите членови и Христо Стојанов. Мартулков ги ширел социјалистичките идеи меѓу членовите, поради тоа се развила дебата меѓу Мартулков и Стојанов. По идеалошки став Стојанов бил централист. Следниот ден Мартулков излегол од Кавадарци и стигнал во значајното македонско село Ваташа. Таму престојувал само еден ден. Неговата агитација особено била успешна во селото и го убедил учителот Илија Тошев, роден од Прилеп, да го шири социјализмот меѓу учениците. Неговата одисеја имала трајни траги во социјалистичкото движење во селото.

После се вратил во Неготино со неговиот другар Генџов. Таму ги пречекал велешанецот Мишо Тутунџиев, надзорник на железничката пруга. Со негова помош тие успешно заминале надолу низ Демир Капија и кон селото Прждево. Во тоа време според Васил К‘нчов, селото било претежно составено од Торбеши и Македонци со помал број од Роми. Мартулков не престојувал во селото туку пешачил кон Валандово каде што ја продолжил неговата агитаторска дејност.

Валандовско Во Валандово тој бил пречекан од Иван Бардарев, близок соработник на Мартулков по потекло од Штип. Според К‘нчов во 1900 година градот претежно бил населен со Македонци и помал број на Турци и Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162. Бардарев бил значајна фигура во валандовскиот оддел на МРО. Учесник во Виничката афера. Во Валандово престојувал два дена каде што се запознал со останатите членови на организацијата. Кога тргнал кон Струмичко Мартулков ги употребил тајните патишта на револуционерната организација. Според документацијата тој стасал од Валандово до Струмица преку патот Костурино — Три Води — Куклиш. Раководители на МРО не ја подржиле одлуката на Мартулков да ги употреби патиштата.

Сфера на гркоманството

мини|372x372пкс|Панорама на Струмица.

Во Гевгелиско и Струмичко Во Струмичкиот регион неговите услови биле поразлични. Во замена на македонскиот народен јазик почнал да го употребува турскиот јазик. Струмица во тоа време според Васил К'нчов било претежно составено од Македонци и значителен број на Турци и Евреи.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159-160. Покрај тоа грчката пропаганда се вкоренила во секојдневниот живот. Мартулков не можел да разговара со останатите македонски професори поради забраната на влез во Бугарската егзархија како последица на педагошкиот штрајк. Се снабдил со исхрана кај некоја Торбешка алваџија. Таму Мартулков ги прашал за училиштето, откри дека немало некои што познава вработен во Струмица. Поради тоа се упатил кон Дабиље каде што предавал неговиот другар Илија Маказлиев.

Дабиље во тоа време било чисто македонско село според К'нчов. Неговиот престој во селото било кратко но имал можност да се запознал со голем дел од членовите на организацијата. Илија Маказлиев бил многу задоволен со неговата посета. Престојувал една ноќ и почнал да патува кон Робово во средба со Христо Бабамов. Робово било исто така чисто македонско село во тоа време. Мартулков се спријатели со Бабамов уште пред штрајкот кај Скопското педагошко училиште. Во селото имало жестоки дебати чии што учествувал и Мартулков. Во селото Мартулков имал поголеми успеси со неговата агитација. Неговиот другар сметал дека треба да се приклучат социјалистите во рамките на МРО. Таму престојувал три дена. Истовремено Мартулков се запознал со двајца свештеници, поп Ристо — тивок и скромен и поп Васил — енергичен и доста познат во Струмичко. Тој се спријатил со поп Васил.

После неколку дена појде во Муртино, исто така чисто македонско село според К‘нчов. Таму се запознал со неговиот другар Костадин Самарџиев — Џемо. Престојувал таму само една вечера и отидол кај Моноспитово, големо и чисто македонско село во тоа време. Таму го пречекал Тодор Пејков, стар другар на Мартулков од исто маало. Таму имал големи успеси со неговите агитаторски дејности и поради тоа се запознал со другите села во околијата. Престојувал таму една недела. Но во селото се запознал со нов вид на религиозна пропаганда — протестантска. При неговиот престој имало селска протестантска свадба во која како свештеник присуствувал и Едуард Хаскел — иден учесник во мисстонската афера. Покрај различните вероисповеди Мартулков истакнал како Хаскел бил доста мудар и способен човек. После тоа се вратил во Струмица заедно со Пејков и отидле во свадбата на Стојан Ѓорѓиев, тогашниот раководител на Струмичкиот револуционерен округ. Таму се запознал со други членови на организацијата.

Повторно се вратил во Валандово каде што го пречекал Иван Бардарев. Таму престојувал за една недела. Кратко работел како заменик учител поради тоа што Бардарев морал да учествува во средба со Михаил Апостолов. Истовремено имало турска свадба каде што мажот ги поканил бугарофилите и гркоманите во околијата. Кога се врати Бардарев Мартулков се упатил кон неговото последно место — Гевгелија. Градот бил претежно населен со Македонци со значителен број на македонски Турци, Роми и Черкези.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 151. При неговиот пат открил дека двајца гркомански свештеници биле ликвидирани во Грчиште и Миравци. Поради тоа во Гевгелиско се развиле тензии меѓу гркоманите и егзархистите.

Крај